Драгољуб Арсовски реизбран за челник на ТТК банка
Маја Анастасова1 мин читање
Долгогодишниот генерален извршен директор Драгољуб Арсовски доби уште еден мандат во кој ќе раководи со ТТК банка.
Веста за повторното именување од Банката ја споделија преку Македонска берза:
„Ве известуваме дека, со Решение на гувернерката на Народната банка на Република Северна Македонија бр. 15-34165/9 од 25 декември 2024 година, издадена е претходна согласност за повторно именување (реизбор) на проф. д-р Драгољуб Арсовски за член на Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје.
Во согласност со Одлуката на Надзорниот одбор на Банката 02-7540/5 од 30.9.2024 година со која проф. д-р Драгољуб Арсовски е повторно именуван (реизбран) за член, тој исто така е избран и за Претседател на Управниот одбор – Генерален извршен директор на ТТК Банка АД Скопје“, се наведува во објавата на ТТК банка.
Покрај Арсовски, во составот на Управниот одбор се и генералната директорка за управување со ризици, Наталија Алексова, и генералниот директор за комерцијално банкарство, Димитри Трповски