Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Драгана Д. Чифлиганец ја доби престижната награда „40 под 40“ за бизнис лидери во Европа

25 окт. 2019 г.·2 мин читање·466 прегледи

Следете не на Viber

Извршната директорка на „Адора инженеринг“ Драгана Д. Чифлиганец ја доби престижната интернационална награда „40 под 40“, што на успешната европска елита на млади, водечки бизнис лидери, им беше доделена во Амстердам од Bussines Elite Awards.

Сите наградени 40 млади лидери под 40 години од 10 држави во Југоисточна Европа и Македонија, се согласија вмрежени заедно да делуваат за подобрување на општеството во иднина.

– Ексклузивното признание 40 под 40 е уште една потврда дека посветената работа, амбициозноста и премостувањето на сите препреки и граници во професионалниот развој, се препознаваат и наградуваат, што е сатисфакција за постигнатото и поттик за натаму. Во времето и условите во кои живееме и делуваме, настани како Bussines Elite Awards, се отворен прозорец кон светот на неограничените можности за успех. Од големо значење за бизнис заедницата во Македонија и регионот е вмрежувањето на 40-те млади бизнис лидери од Југоисточна Европа во елитниот бизнис „Executive club“, и поставувањето нови параметри на комуникација и соработка со најуспешните бизнис лидери од светот, со иста цел, изградба на подобро општество – вели д-р Драгана Д. Чифлиганец, која порача дека младите успешни луѓе, низ своите бизнис и општествено корисни ангажмани треба да му возвратат на општеството и да ги споделуваат успесите, за подобра иднина.

– Гала свеченоста во историската зграда Huis Bartolotti во срцето Амстердам, каде за прв пат беа доделени 40 статуетки на најуспешните млади бизнис лидери под 40 години од регионот, имаше цел да се даде признание и стимулација на нашиот бизнис сектор да расте и да фати чекор со поразвиениот свет, преку вмрежување и развој на блескави кариери и успешни бизнис приказни – порача д-р Виктор Ѓорѓиески, регионален директор на Bussines Elite Awards за Југоисточна Европа.

Клучни зборови

  • 40 под 40 интернационална награда
  • Адора инженеринг
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk