Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Доза среќа од Credissimo по повод светскиот ден на лицата со даунов синдром

26 мар. 2025 г.·3 мин читање·4690 прегледи

Следете не на Viber

Поддршката и инклузијата на лицата со Даунов синдорм четврата година по ред се во фокусот на активностите за општествена одговорност на Credissimo. Компанијата годинава донираше средства на Здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром „Доза среќа“ од Скопје, во чии рамки функционира и дневен центар за деца. Станува збор за донација, што ќе се искористи за набавка на машина за ладно цедење масло од автохтони растенија, која ќе му овозможи на здружението да ја оствари својата мисија за социјално претприемништво и на тој начин да обезбеди дополнителна вклученост на лицата со Даунов синдром.

„Овој проект е логично продолжение на нашата работа бидејќи ќе нѝ овозможи да ги искористиме нашите знаења и искуства за да создадеме висококвалитетни производи од автохтони растенија, додека истовремено развиваме социјално претприемништво. Поддршката од Credissimo е особено важна бидејќи со набавката на машина за ладно цедење масло, ќе ги прошириме нашите активности, ќе обезбедиме вработување и обука за младите лица со Даунов синдром и ќе придонесеме за одржлив економски развој“, вели Сузана Стојановска од Здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром „Доза среќа“ од Скопје.

Здружението „Доза среќа“ во 2022 година ја доби наградата 13 Ноември на Град Скопје, за врвни достигнувања на светски натпревари за млади иноватори – лица со посебни потреби, токму за нивниот проект за употреба на автохтони лековити растенија. Затоа Credissimo одлучи со годинашната донација по повод 21 Март – Светскиот ден на лица со Даунов синдром да ја поддржи нивната мисија.

„За нас е особено важно да поддржиме инклузивни и иновативни проекти кои ќе направат позитивна промена во општеството. Ја препознавме вредноста на иницијативата на здружението „Доза среќа“ и одлучивме да помогнеме во нејзината реализација, особено затоа што ќе овозможи лицата со Даунов синдром да стекнат нови вештини и да се подобри нивниот квалитет на живот. Поддршката на овие лица е длабоко вкоренета во нашата политика за општествена одговорност, и како и во овие четири години, и во иднина ќе продолжиме со вредни донации за оваа благородна цел“, изјави Георги Руков управувачки партнер во Credissimo.

Покрај финансиската донација за набавка на машина за ладно цедење масло, Credissimo обезбеди и бесплатни билети за Зоолошката градина во Скопје, за децата кои го посетуваат дневниот центар на здружението „Доза среќа“. Компанијата Credissimo е препознаена по своите општествено одговорни практики и во повеќе други области како грижата за машкото и женското здравје, кампањата за поддршка на првачињата „Секогаш биди број 1“, како и донации за Зоолошката градина, за зазеленување и за реновирање библиотеки.

ПР Објава

Клучни зборови

  • credissimo
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk