Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Доверителите се eдногласни: сакаме да се реши прашањето со зградата на Еуростандард Банка

16 сеп. 2023 г.·2 мин читање·2126 прегледи

Следете не на Viber

На вчерашното собрание на доверители одржано по повод третата лицитација за продажба на зградата на Еуростандард банка над 80% од доверителите биле катeгорични дека продажбата е чин кој треба да се случи час поскоро, и дека треба да се прифати доставената понуда.  Стечајниот управник заедно со судијата предложиле повторно да се прави проценка на вредноста на зградата, на што се спротивставиле доверителите, истакнувајќи дека со повторната проценка само се одолговлекува процесот и од тоа никој ништо не добива.

Законот е јасен, ако и третата лицитација не е успешна, се прави прераспределба на имотот, што значи дека доверителите добиваат на хартија потврда дека поседуваат процентуален дел од деловната зграда на Еуростандард Банка, која може да ја уновчат само од идна продажба, која е прашање дали ќе се случи во блиска иднина, и по која цена.  Објектот не може да се продава парцијално туку само интегрално. И имајќи го во предвид тоа дека станува збор за голем износ на средства кои треба да се издвојат, сосем е логично зошто доверителите се за побрза продажба.

Од непродавањето на деловната зграда на Еуростандард банка губат штедачите, доверителите, граѓаните и државата. Поминува време а објектот губи од својата вредност! Повеќе од две години зградата нема сопственик и истиот не се одржува.

Носителите на овој процес (стечајниот управник и стечајниот судија) треба да дадат одговор на  прашањето дали е добро и понатаму да се одолговлекува продажбата? Дали со ваквото однесување се поттикнува единствениот понудувач да се откаже, и во некоја блиска иднина да се појави некој нов кој за багателна цена ќе ја купи зградата, а доверителите реално да добијат многу малку. Дали самиот чин на распределба е добар?

Работите се очигледни! Потребна е реакција од надлежните институции, и поголема одговорност. А на лицитации очигледно е дека нема голем интерес.

Клучни зборови

  • Еуростандард банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk