Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Домашните компании годинава може да исплатат двојно повисок К-15

17 мај 2021 г.·2 мин читање·1712 прегледи

Следете не на Viber
Дали домашните компании, годинава, ќе ја искористат можноста за двојно зголемен регрес за годишен одмор, работниците ќе знаат за околу еден месец. Владата им „фрли ракавица“ на работодавачите и како една од мерките од Петтиот економски пакет, понуди можност за зголемување на прагот на ослободување на оданочувањето со данок на добивка на Регресот за годишен одмор од постоечките 40 на 80 отсто, пишува Слободен печат.
Ако како основа за пресметка се земат просечните плати за декември, јануари и февруари, минималната сума за регресот за годишен одмор, исплатен сега, би изнесувала околу 11.300 денари. Но, ако се користи новото даночното ослободување до 80 отсто, сума би можела да биде двојна. Актуелно, сумата што е предвидена како минимална во Колективниот договор, изнесува 40 проценти од просекот на трите просечни нето плати во државата објавени од Државниот завод за статистика, пред исплатата.
Веќе е утврден и текстот на Предлог-законот за изменување на Законот за данокот на добивка со кој се одредуваат непризнаените расходи, со што се создава можност за зголемување на износот на регрес за годишен одмор, што ќе се третира како признаен расход за даночни цели, како мерка од Петтиот пакет економски пакет.
Исплатата на регресот треба да почне наскоро, а се однесува за сите вработени кои работеле најмалку шест месеци, кај истиот работодавач. Обврската за исплата, законски, но и според Колективниот договор е до крајот на годинава.

Клучни зборови

  • двојно повисок
  • к-15
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk