Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

„Домаќинство за почетници“ во режија на Горан Столевски е македонски кандидат за Оскар за долгометражен интернационален филм

13 сеп. 2023 г.·3 мин читање·661 прегледи

Следете не на Viber

Македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ во режија на Горан Столевски е годинашниот македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм“. Одлуката денеска ја донесе Комисијата за избор при Друштвото на филмските работници на  Македонија, прифатена и одобрена од Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука,  во состав: Игор Иванов – режисер и претседател на Комисијата, Кастриот Авдили – продуцент и режисер, Ана Стојановска – актерка, Марина Колоска – камера оператор, Лидија Мојсовска – режисерка, Емилија Ивановска-Атанасовска – костимографка, Ебру Мусли – актерка и Раде Василев – костимограф. Во конкуренција за кандидатурата беа и филмовите: „М“ во режија на Вардан Тозија и „Преекспонирано“ режиран од Елеонора Венинова.

 „Домаќинство за почетници“ во режија и по сценарио на Горан Столевски, а во продукција на Лист Продукција – Скопје неодамна ја имаше светската премиера на 80. издание на филмскиот фестивал во Венеција, каде ја доби 17. Queer Lion награда, во конкуренција од 16 филмови, меѓу кои и филмовите на Dog Man на Лук Бесон и Maestro на Бредли Купер. Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на РСМ, а продуцент е Марија Димитрова од Лист продукција – Скопје. Главните улоги ги толкуваат: Анамариа Маринка (позната по филмот „4 месеци 3 недели 2 дена“ (2007) на Кристиан Мунгиу) и Алина Сербан од Романија, Владимир Тинтор од Хрватска, Самсон Селим, Миа Мустафа и Џада Селим од Македонија.

4220_D001_4654 _R
Dzada Selim stars as Mia and Anamaria Marinca as Dita in director Goran Stolevski’s HOUSEKEEPING FOR BEGINNERS, a Focus Features release.
Credit: Viktor Irvin Ivanov / © 2023 FOCUS FEATURES LLC

Членовите на Комисијата за избор на македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм”, според Статутот на Друштвото на филмските работници на Македонија ги избира претседателот на друштвото, Игор Иванов, а изборот на членови го одобрува Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука (Academy of Motion Picture Arts and Sciences – AMPAS).

Друштвото на филмските работници на Македонија е задолжено за избор на македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм” од самото осамостојување на Република Македонија, кога од Американската Академија за подвижни слики (AMPAS) беше препознаено како единствена релевантна институција за комуникација, селекција и кандидатура на македонски претставник за наградата.

96-та церемонија за доделување на Оскарите ќе се одржи на 10. март 2024 година, во Dolby театарот во Лос Анџелес.

Клучни зборови

  • Dolby театар
  • Домаќинство за почетници
  • Елеонора Венинова
  • интернационален филм
  • Лос Анџелес
  • Оскар
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk