Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Личен Развој

„Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски влезе во селекција за Европските филмски награди

27 сеп. 2023 г.·2 мин читање·647 прегледи

Следете не на Viber

Македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ во режија и по сценарио на Горан Столевски, кој неодамна ја имаше својата светската премиера на филмскиот фестивал во Венеција, влезе во групата на филмови кои ја комплетираат овогодинешната селекција за 36. издание на Европските филмски награди, соопшти денеска Европската филмска академија (ЕФА).

Кон крајот на август, најпрвин беа избрани 19 играни филмови, а сега во потесниот избор се додадени уште 21 филмски остварувања, па финалната селекција содржи 40 европски филмови од вкупно 31 европска држава.

Од денес, па се до 7 ноември членовите на Европската Филмска Академија ќе имаат можност да гласаат за избраните филмови, по што врз основа на гласовите, ќе бидат објавени номинациите во категориите: најдобар европски филм, режисер, актер, актерка, сценарист и европски документарен филм.

Избраните филмови дополнително ќе бидат земени во предвид и за наградите во категориите за најдобра кинематографија, монтажа, продукциски дизајн, костимографија, шминка и фризура, оригинална музика, звук и визуелни ефекти. Тие ќе бидат избрани од осумчлено жири составено од претставници на различни уметности и професиии.

Свеченото доделување на наградите, познати како европски Оскари, е закажано за 9 декември 2023 во Берлин.

На 80. издание на фестивалот во Венеција, „Домаќинство за почетници“ ја доби 17. Queer Lion награда, во конкуренција од 16 филмови, меѓу кои и филмовите на Dog Man на Лук Бесон и Maestro на Бредли Купер, а филмот продуциран од Лист продукција – Скопје го отвори и 44. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера, „Браќа Манаки“.

 „Домаќинство за почетници“ е избран и за годинашен македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм“, а во скопските кина ќе почне да се прикажува од 12. октомври.

Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на РСМ, а преку компанијата Focus Features ќе биде дистрибуриран на територијата на САД. Интернационален дистрибутер на филмот за останатите територии е Universal Pictures, додека продажните агенти на филмот New Europe Film Sales од Полска ќе го застапуваат филмот на територија на југоисточна Европа.

Клучни зборови

  • Горан Столевски
  • Домаќинство за почетници
  • Македонскиот филм
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk