Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ДОЛГООЧЕКУВАНАТА И НАЈАВУВАНА БРАНА НА ОТИЊА кај Штип конечно ќе биде завршена до 2026 година

8 ное. 2024 г.·2 мин читање·2717 прегледи

Следете не на Viber

Браната на реката Отиња кај Штип, најавувана и планирана со децении, конечно ќе се доизгради и ќе ја биде завршена до 2026 година, истакнаа од Владата.

Браната на река Отиња на Штип ќе му донесе промена на климата, ќе го зашти градот од поплави, но и место за рекреација и нова туристичка атракција. Ќе се намалат високите летни температури, но и ќе влијае на зголемување на зимските температури. Дополнително се создава биолошки минимум во коритото на река Отиња, а ќе се користи и за наводнување на зелените површини. Ќе биде можност за иден развој на градот во наредните години и децении. Со изградбата на браната ќе се создадат услови за изградба на викенд-зони, шеталишта и повеќе други рекреативни елементи.

Браната ќе носи еколошка и економска корист, па наместо со вода од водоводот, зелените површини во градот ќе се наводнуваат со водата од браната. А браната ќе служи за развој на туризмот и развој на спортовите на вода, за низ речното кориот на Отиња по течението низ градот секогаш да го има биолошкиот минимум и со тоа климата преку лето да стане поподнослива. Покрај ова ќе се развие спортскиот риболов, ќе се изградат викендички, ќе се направи зона за спорт и рекреација.

Министер за транспорт Александар Николоски истакна дека се распишал тендер за доизградба на браната на Отиња, што конечно ќе значи завршување на овој долго ветуван проект.

–Предвидени се 2 милиони евра дополнително за завршување на браната, очекувам крајот на овој месец да имаме избран изведувач. Вкупната вредност ќе биде околу 8 милиони евра кои што ќе се инвестираат во изградба на браната и оваа брана ќе има значење не само за Штип туку и за целиот реион бидејќи покрај за наводнување ова езеро ќе биде и за рекреација и ќе значи за сите граѓани од Источна Македонија. Она што е Мавровското Езеро за Западна Македонија, браната на Отињa да стане за Источна Македонија – изјави министерот Александар Николоски.

Браната, која е во месноста Ќемер во непосредна близина на Штип, ќе има насип од 30 метри и ќе се протега по течението на реката која порано повеќепати при поројни дождови излегуваше од коритото и го поплавуваше градот.

Клучни зборови

  • брана
  • Отиња
  • Штип
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk