Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БерзаФинансии

Доларот најсилен во однос на јапонскиот јен во последните 20 години, еврото едвај се држи

20 апр. 2022 г.·3 мин читање·1568 прегледи

Следете не на Viber

Вредноста на доларот се искачи на нов дведецениски врв кон јенот во средата, зајакнувајќи додека Банката на Јапонија повторно зачекори на пазарот за да ја брани својата политика на ултра ниски каматни стапки, за разлика од американските Федералните резерви кои се залагаат за значителна пораст на каматите.

Зелената банкнота достигна 129,43 јени за прв пат од април 2002 година, пред да попушти до последното тргување за 0,21% пониска, на 128,615 јени за долар. „Утринската објава на јапонската централна банка предизвика доларот на јенот да скокне повисоко, и така после тоа мислам дека на некој начин се повлече, но очекувам дека ќе го продолжи својот курс (повисоко)“, рече Барт Вакабајаши, менаџер на државната Street Bank и Trust во Токио.
Јапонската централна банка повторно понуди да купи неограничени количини јапонски државни обврзници за да го заузда растот на јапонските 10-годишни приноси, кои се спротивставија на нејзиниот плафон за толеранција од 0,25%.

Растот на доларот во однос на јенот дојде откако приносите на американското Министерство за финансии континуирано се зголемуваат, при што приносите на 10 години достигнаа 2,981% за прв пат од декември 2018 година.  Јапонскиот министер за финансии Шуничи Сузуки во вторникот го даде најексплицитното предупредување досега, велејќи дека штетата за економијата од послабата домашна валутата во моментов е поголема од придобивките од таа состојба.

Претставникот од Минеаполис во Федералниот комитет за отворен пазар (ФОМЦ) на Банката на федерални резерви (ФЕД), Нил Кашкари, кого го сметаат за еден од поумерените членови, во вторникот рече дека ако глобалните нарушувања на синџирот на снабдување продолжат, креаторите на политиката ќе треба да преземат уште поагресивни активности за да се намали инфлацијата.

Претходно, претставникот во Комитетот од Чикаго, Чарлс Еванс, изјави дека се сложува со кругот на зголемувања на каматните стапки оваа година што вклучува две зголемувања од 50 базични поени.

Индексот на доларот, кој ја мери валутата во однос на шесте главни светски валути, вклучително и јенот, во почетокот на тргувањето дојде на 101,03 – ниво невидено од март 2020 година – пред да се намали на 100,76. Зелената банкнота допре до 0,9535 франци за прв пат од јуни 2020 година пред да се промени малку послабо на 0,9513.

Еврото додаде 0,22% на 1,0812 долари, блиску до минатонеделниот минимум од 1,0758 долари, со што оваа валута постигна најслаба вредност во последните две години.

Австралискиот долар скокна за 0,58% на 0,7420 долари, продолжувајќи го своето отскокнување од едномесечното ниско ниво на 0,7343 долари достигнато во понеделникот, откако извештаите од последниот состанок на Резервната банка на Австралија во вторникот покажаа дека првото зголемување на стапката во повеќе од една деценија е  неминовна поради забрзувањето на инфлацијата и затегнувањето на пазарот на трудот.

Кина изненадувачки ги задржа своите референтни стапки за заеми за корпорациите и домаќинствата стабилни во средата, спротивно на глобалниот тренд на монетарно затегнување додека големите економии се борат со инфлацијата. Кинескиот јуан го достигна најслабото ниво од октомври 2021 година на 6,4115 за долар.

 

Клучни зборови

  • Банка на Јапонија
  • долар
  • евро
  • јен
  • ФЕД
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk