Најави се Зачлени се
Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

АнализиАналитикаБизнисЛичен Развој

ДОКОЛКУ ПРОИЗВОДНИТЕ ПРОЦЕСИ НЕ СЕ ДЕКАРБОНИЗИРААТ, компаниите ќе се соочат со зголемени трошоци за производство

Katerina Panchevska·6 ное. 2024 г.·3 мин читање

Од 1 јануари 2026, Македонија ќе мора да плаќа еколошка такса ако произведува електрична енергија од јаглен, односно ќе плаќа за производи кои за да се направат користеле енергија која испуштила CO2 во атмосферата. Оваа давачка во моментов е од 70 до 80 евра од мегават час. Ова значи дека од јануари 2026 без да има било каква корекција на цената на струјата што се произведува во РЕК „Битола“, која сега е над 60 евра по мегаватчас, ќе имаме драстично зголемување од над 100 отсто. Ова значи дека ќе влијае на цената, а од друга страна РЕК „Битола“ и ЕСМ нема да имаат никакви директни придобивки од ова зголемување на цената. Ова е давачка на ЕУ и ако сакаме да извеземе во неа, сите производи кои имаат електрична енергија од РЕК „Битола“ и од останатите термоцентрали во државава, ќе се оптоварат за 70 до 80 евра по мегават час. Компаниите и државава имаа три години да се прилагодат на оваа нова давачка. Порталот Пари разговараше со неколку соговорници упатени во овој сектор и релевантни институции со цел да дадат одговори за оваа проблематика во две продолженија – до каде е прилагодувањето кон оваа давачка – дали ќе влијае на конкурентноста на македонската економија и дали ова може негативно да се одрази врз нашиот извоз во ЕУ, дали фирмите се прилагодија… Со имплементацијата на Механизмот за гранично јаглеродно оданочување ќе се  воспостави цена на јаглеродот на увезените производи во ЕУ На 10 мај 2023 година Европската Унија ја усвои Регулативата која се однесува на „Механизмот за гранично јаглеродно прилагодувањe (CBAM)“ која стапи на сила на 01 октомври 2023 година. Како што велат од Стопанска комора на Северна Македонија за порталот Пари, регулативата е со бројни и долгорочни последици како за економиите во ЕУ, така и за економиите надвор од европскиот блок кои се трговски партнери на ЕУ. Со оваа регулатива засега се опфатени компаниите што произведуваат железо и челик, алуминиум, цемент, ѓубрива, водород и електрична енергија, но по 2026 година се очекува да бидат опфатени и дополнителни сектори. Оттаму велат дека досега компаниите од овие сектори ги извезуваа своите производи во ЕУ без да подлежат на дополнителни давачки, односно данок за јаглеродот што се емитува во процесот на производство на нивните производи. -Со имплементацијата на Механизмот за гранично јаглеродно оданочување ова ќе се смени, односно ќе се  воспостави цена на јаглеродот на увезените производи во ЕУ. Сега, додека сме во преодниот период, сè уште конкретно не е дефинирано колкава ќе биде давачката за CBAM („Механизам за прилагодување на границите на јаглеродот”). Од тие причини тешко е да се направи проекција колкав би бил товарот  врз извозот. Тоа што го знаеме за сигурно е дека при имплементација на директивата, финансиските обврски кои произлегуваат од CBAM постепено ќе се зголемуваат – објаснуваат надлежните од СКСМ. Оттаму додаваат дека неодамна Европската комисија ја усвои Реформската агенда на Македонија која е изготвена според…

Ексклузивна анализа

Продолжете со читање како член

Test test test test test test test test test test test test

Најави се Зачлени се бесплатно

Заборавена лозинка? · Test test test test test test test test test test test test .

Клучни зборови

  • CBAM
  • еколошка такса
  • електрична енергија од јаглен
  • енергетика
  • обновливи извори на енергија
Странична рекламаplaceholder
Рекламаplaceholder

Pari.com.mk

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Навигација

  • Почетна

Податоци

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Систем

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

© 2026 Pari.com.mk