Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Дојче банка ги зголеми бонусите на инвестициските банкари за 46%

13 мар. 2021 г.·2 мин читање·1022 прегледи

Следете не на Viber

Најголемата германска банка Дојче банка ги зголеми бонусите за своите банкари за инвестиции за 46% во 2020 година. Пандемијата предизвика бум во тргувањето со хартии од вредност и затоа инвестициската поделба на банката одигра клучна улога во остварувањето профит за прв пат во последните 6 години.

Куриозно, сепак, инвестиционите банкари на Дојче банка ќе поделат бонуси од 876 милиони евра. Сумата е скоро осум пати поголема од вкупната нето добивка на банката за 2020 година – 113 милиони евра.

Исто така, платата на првиот човек на Дојче банка, Кристијан Севинг исто така се зголеми за 46% во пандемиската 2020 година и достигна 7,4 милиони евра. Генерално, платата за извршниот одбор на банката се искачи на вкупно 50 милиони евра, во споредба со 36 милиони евра една година порано.

Банката со седиште во Франкфурт има акумулирано кумулативна загуба од 14,6 милијарди евра од 2015 година и престана да плаќа дивиденда на акционерите втора година по ред. Доверителот вети дека ќе продолжи со исплата на дивиденда следната година, објави Фајненшл тајмс.

Првично, Дојче банк сакаше да го зголеми својот фонд за бонуси на повеќе од 2 милијарди евра, но овој план беше блокиран од Европската централна банка.

„Дојче банка ја призна моменталната економска состојба и препораката на ЕЦБ и го зеде предвид тоа при одлучувањето за исплатата на бонусите“, се вели во годишниот извештај на банката.

Германската банка нагласи дека нивото на бонуси е „разумно“ бидејќи на своите вработени треба да им исплати „според нивните перформанси и во согласност со условите на пазарот“.

Клучни зборови

  • бонус
  • дојче банка
  • инвестициски банкари
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk