Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Доделени наградите од наградната игра „Шпаркирај нов автомобил!“

25 ное. 2020 г.·2 мин читање·2790 прегледи

Следете не на Viber

Денес, 25.11.2020 година, во 12 часот, пред експозитурата на Шпаркасе Банка Македонија во Лептокарија, беа доделени наградите на среќните добитници од наградната игра „Шпаркирај нов автомобил!“. Наградната игра беше организирана од Шпаркасе Банка Македонија за корисниците на платежните картички од брендот Mastercard, во периодот од 15.09.2020 до 15.11.2020 година.

Официјалното извлекување се одржа на 20.11.2020 година, во просториите на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, под контрола за регуларноста од тричлена комисија, составена од двајца претставници од Банката и од овластен нотар.

Право на учество во наградната игра имаа сите полнолетни физички лица – државјани на Република Северна Македонија корисници на картичките Mastercard и на Maestro, издадени од Шпаркасе Банка Македонија, кои во периодот од 15.09.2020 до 15.11.2020 направија трансакција во износ поголем или еднаков на 500,00 денари. Одличните награди привлекоа големо внимание и им донесоа голема радост на среќните добитници:

  • Марија Тргачевска Сертиќ од Скопје – добитник на автомобил Citroen New C3
  • Александра Чаминска од Скопје – добитник на Apple MacBook Air
  • Мицко Сталевски од Гевгелија – добитник на Apple MacBook Air
  • Бетим Мустафај од Кичево  – добитник на мобилен телефон Apple iPhone 11
  • Јасмина Ташовска од Скопје – добитник на мобилен телефон Apple iPhone 11

Им честитаме на среќните добитници и им посакуваме да уживаат во наградите заедно со своите семејства и да останат верни корисници на услугите на Шпаркасе Банка Македонија!

Клучни зборови

  • Шпаркасе Банка Македонија
  • Шпаркирај нов автомобил
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk