Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

ДОБРА ВЕСТ ЗА КОРИСНИЦИТЕ НА КРЕДИТИ – иако минимално, каматите се намалуваат

1 јан. 2025 г.·3 мин читање·6818 прегледи

Следете не на Viber

Просечната каматна стапка на вкупните кредити неколку месеци наназад се движи по надолна линија. Што претпоставува дека иако минимално, сепак олабавува притисокот врз кредитокорисниците. Во ноември е забележано намалување од 0,02, додека годишниот пад е за 0,12 процентни поени. Стапката е на ниво од 5,36 проценти.

Годишно намалување има и кај новоодобрените кредит – за 0,56 процентни поени. Сепак, кај нив е регистрирано минимално месечно зголемување од 0,01 процентен поен. Оттаму, просечната стапка е 4,82 проценти и оствари месечен раст од 0,01 п.п., во услови на годишен пад од 0,56 п.п.

Нагоре оди просечната каматна стапка на вкупните депозити. Изнесува 2,12 проценти, а годишниот раст е 0,38 проценти поени. Месечната промена е за плус 0,05 роцентни поени.

И овде исклучок е забележлив кај новите депозити – во ноември стапката е пониска за 0,04 проценти поени.

За вкупните кредити на граѓаните во ноември е пресметана стапка од 5,66 проценти, која е непроменета, односно иста е како и во октомври. Анализирано на годишна основа, зголемена е за 0,07 п.п.

Во текот на единаесеттиот месец за 0,14 п.п. се намалила просечната стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата, која изнесува 5,03%. Според НБРСМ, тој пад се должи на намалените камати кај денарските кредити без и со валутна клаузула. Минусна промена од 0,32 п.п. има и на годишна основа.

Што се однесува до влоговите на населението, каматната стапка бележи зголемување за 0,03 п.п. и изнесува 2,05%. Произлегуба од повисоките стапки на денарските депозити без валутна клаузула и на девизните депозити. Во споредба со истиот месец лани, стапката за вкупните депозити на домаќинствата е поголема за 0,36 п.п.

За новопримените депозити во ноември се применувала просечна стапка од 2,88%, со пад од 0,01 п.п. Таа промена, посочуваат од Народната банка, во целост произлегува од намалените каматни стапки на депозитите во странска валута. А, на годишно ниво оваа стапка е повисока за 0,42 п.п.

Кај вкупните кредити што ги користи корпоративниот сектор во ноември е пресметана просечна стапка од 5,05%, со намалување од 0,04 п.п. „Надолната промена произлегува од падот кај сите компоненти: каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,19 п.п.), каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,02 п.п.) и каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,01 п.п.)“, велат од НБРСМ. На годишно ниво, пак, има пад од 0,31 п.п.

Стапката за новоодобрените кредити на компаниите во ноември изнесува 4,68% и има месечен раст од 0,03 п.п., што во целост се должи на зголемените камати на денарските кредити без валутна клаузула. Намалувањето на годишно ниво е 0,71 п.п.

За вкупните депозити на корпоративниот сектор во ноември важела просечна стапка од 2,68%, која остварила месечен раст од 0,26 п.п., поради зголемените камати на и на девизните и на денарските депозити без и со валутна клаузула. Споредено со ноември 2023, оваа стапка е повисока за 0,45 п.п.

Каматната стапка на новите депозити доверени од компаниите е 2,43%. На месечно ниво е намалена за 0,32 п.п., а тоа се должи на пониските стапки кај денарските депозити без валутна клаузула. За 0,72 процентни поени има зголемување на годишна основа.

 

Клучни зборови

  • вкупни депозити
  • вкупни кредити
  • каматни стапки
  • Народна банка
  • просечна каматна стапка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk