Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

ДОБРА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ: Македонски Телеком ќе исплаќа дивиденди за 2021 година

15 јул. 2022 г.·3 мин читање·1410 прегледи

Следете не на Viber

Во соопштение до акционерите со право на дивиденда за 2021 година, Македонски Телеком информира за следново: Дивидендата за 2021 година се утврдува во вкупен бруто износ од 1.721.980.399,00 денари или бруто износ од 19,96 денари по акција (заокружено на две децимали), во кој се вклучени сите даноци, каде што е применливо, и кои ќе бидат задржани и платени од бруто дивидендата согласно со важечката даночна регулатива во Република Северна Македонија на датумот на исплатата. Одлуката за исплата на дивиденда на Друштвото за 2021 година и утврдување на дивиденден календар ја усвои Собранието на Македонски Телеком АД – Скопје, на својата годишна седница одржана на ден 31.05.2022 година.

Во истото соопштение се информира дека сите акционери кои се евидентирани во Книгата на акционери на Македонски Телеком АД – Скопје на 15.07.2022 година имаат право на дивиденда за 2021 година. Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2021 година е 13.07.2022 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда за 2021 година е 14.07.2022 година. Телеком воедно информира дека сплатата на дивидендата за 2021 година ќе започне на 15.08.2022 година.

Исплатата на дивиденда кон физички лица – резиденти на Република Северна Македонија, ќе се врши на трансакциските сметки, доколку истите сеуште се активни, а на кои согласно евиденцијата на Македонски Телеком АД – Скопје им е исплатена дивиденда минатата година.

Новите акционери, физички лица – резиденти на Република Северна Македонија, акционерите кои сакаат дивидендата да им биде исплатена на трансакциска сметка различна од минатата година или пак трансакциската сметка повеќе не им е активна, се повикуваат да достават податоци за активна трансакциска сметка и копија од лична карта најдоцна до 31.07.2022 година.

Акционерите правни лица – резиденти на Република Северна Македонија, како и акционерите правни и физички лица – странски резиденти, се повикуваат да достават податоци за банкарската сметка најдоцна до 31.07.2022 година на која ќе се изврши трансферот на пари по основ на исплата на дивиденда.

Покрај податоците за банкарските сметки, странските правни лица се повикуваат да достават „Потврда за резидентен статус”, заверена од надлежниот даночен орган на странската држава чијшто резидент е правното лице, најдоцна еден ден пред исплатата на дивидендата.

Странските физички лица се повикуваат да достават Единствен даночен број (ЕДБ) за нивна даночна регистрација во Република Северна Македонија, најдоцна до 31.07.2022 година.

Во согласност со законските прописи во Република Северна Македонија, Македонски Телеком АД – Скопје, од бруто износот на дивидендата по акција од 19,96 денари: а) при исплатата на физичките лица, ќе задржи и ќе уплати 10% данок на личен доход; б) при исплатата на странските правни лица, ќе задржи и ќе уплати 10% данок по задршка (каде што е применливо), се вели во соопштението на Македонски Телеком АД Скопје.

Клучни зборови

  • Македонски Телеком АД – Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk