Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисЛичен Развој

ДОБРА ВЕСТ ЗА 2022: ЗНАЧИТЕЛНО ПОВЕЌЕ ФИРМИ СЕ ОТВОРИЛЕ, ОТКОЛКУ ШТО СЕ Затвориле

24 јан. 2023 г.·1 мин читање·3006 прегледи

Следете не на Viber

Сумирањето на 2022 година покажува дека таа заврши добро во однос на отворањето и затворањето на компаниите. Минатата година, во државава се отвориле вкупно 8.665 компании, а згаснале 6.875, покажуваат податоците на БизниMрежа.мк, до последното ажурирање.

Ова е добра вест, особено ако се земе предвид дека во првата половина од годината имало повеќе затворени од новоотворени фирми. Односно во првите 6 месеци од 2022 година се отвориле 3.768 фирми, а се затвориле 4.874 фирми.

Податоци за цела 2022 година

Отворени фирми8.665
Згаснати фирми6.875

Податоци за првите 6 месеци од 2022 година

Новоотворени фирми 3.768
Затворени фирми 4.874

Порталот Пари постојано го анализира трендот на отвoрaње и затворање фирми. Во наредните денови ќе ги објавиме посебните анализи за отворените и за затворените фирми, со што може да го видите трендот во однос на 2021 година, како и во кои дејности и во кои градови имало најмногу отворање и затворање на компании.

Клучни зборови

  • затворени фирми
  • новоотворени фирми
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk