Вкупната добивка на компаниите котирани на Македонска берза за одработените девет месеци од годинава изнесува 19,19 милијарди денари или приближно 311,9 милиони евра, што е за 2,98 насто повеќе во однос на истиот лански период. Во тоа заедничко постигнување профитот има удел од 19,82 милијарди денари, проследен со раст од 2,46 насто, додека загубите се намалени на 630,4 милиони денари, за разлика од регистрираните во 2024 година – 709,3 милиони денари.
Зад овие бројки стојат деловните активности реализирани во 86 компании. Од нив, 66 имаат позитивна завршница на третото тримесечје (68 лани), а 20 регистрирале загуба (лани 19). Едно друштво не ги објавило финансиските резултати. Од податоците содржани во берзанскиот деветмесечен преглед што ги анализира Пари, се гледа дека нема големи годишни отстапувања, но во структурата на профитот се забележливи интересни движења.
Од десетте дејности, седум бележат зголемување, а три намалување на добивката. Најголем по обем и понатаму е банкарскиот сектор, кој создава повеќе од половина од вкупниот профит (164,3 милиони евра), и покрај тоа што годинава е проследен…