Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

До рамномерен регионален развој со 13 милиони евра преку 129 проекти

27 ное. 2023 г.·2 мин читање·1416 прегледи

Следете не на Viber

Директна финансиска поддршка од 800 милиони денари, односно 13 милиони евра се предвидени за 129 нови проекти, кои преку Програмата за регионален развој ќе се распределат во општините и планските региони. Договорите за финансирање на проектите – 29 за планските региони и 100 за општините, ги потпишаа вицепремиерот задолжен за економ ски прашања, Фатмир Битиќи, и министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов.

Парите се наманети за развој на локалната патна инфраструктура, изградба на градинки, набавка на урбана опрема и подбрување на квалитетот на животот на граѓаните.

Целта е да се намали диспаритетот во социоекономскиот развој на државата и поделбите на село и град, со што ќе се подобри севкупната општествена благосостојба.

„За жал, се наоѓаме во ситуација кога разликата помеѓу најнеразвиениот регион – Североисточниот, со најнеразвиениот  – Скопскиот, е еден спрема седум. Тој јаз не може да го адресирате ако немате конзистентни полтики кои се инкорпорираат во сите различни програми на Владата, рече вицепремиерот.

Трошењето на средствата е под целосна контрола на владините институции.

„Во овие прокети не може да има нетрансперентност. Ги следиме проектите во реализацијата од почеток до крај“, тврди министерот Пенов.

Клучни зборови

  • проекти
  • рамномерен регионален развој
  • финансиска поддршка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk