Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

До потврди за царински долг со еден клик – Се намалуваат бирократските процедури

12 дек. 2025 г.·2 мин читање·1473 прегледи

Следете не на Viber

Хартиените потврди за царински долг, потребни за упис и промени на правните субјекти во Централниот регистар, стануваат минато. Централниот регистар, електронски – со само еден клик, ги добива овие податоци од Царинската управа во реално време. За фирмите и граѓаните тоа претставува заштеда на време и на ресурси.

„Истовремено на овој начин овозможуваме безбедност, интегритет и точност на обезбедените податоци, со што делуваме во насока на сузбивање на можни измами“, потенцира директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, на заедничката прес-конференција со директорката на Централен регистар, Анита Стамнова.

Од седум до девет илјади хартиени потврди за царински долг е досегашниот годишен просек на нивно издавање. За обработката на секое барање биле потребни пет до десет дена. Притоа, граѓаните морале лично да ја вршат таа работа или да ангажираат адвокати, што значи и дополнителен административен товар.

„Со овој чекор јасно покажуваме заложби за создавање подобри услови за водење бизнис, преку намалување на бирократските процедури и зголемување на ефикасноста на администрацијата. Бизнисот нема време за чекање, а ние како институции сме должни да покажеме напори за создавање одржливо општество во кое економскиот раст ќе биде движен од зголемена ефикасност и доверба во системот“, вели Николовски.

Стамнова посочи дека е завршена првата фаза од проектот за надградба на Едношалтерскиот систем, со што доказите за платени царински давачки се добиваат автоматски по службена должност при упис на промени, како пренос на удел:

„Централниот регистар и Царинската управа остануваат посветени на трансформација на услугите со фокус на корисниците, користејќи модерни дигитални технологии за поедноставни и поефикасни услуги. Продолжуваме да развиваме електронски услуги и ги охрабруваме сите чинители во јавниот сектор да соработуваат за создавање функционален систем на јавни услуги и враќање на довербата во институциите“.

Според Стамнова, во земјава се активни околу 80 илјади компании. Воедно, за 40 насто е зголемен бројот на субјектите што електронски поднесуваат сметки.

„Евидентен е интересот кај бизнисот за дигитализирано, електронско работење“, нагласи директорката на Централниот регистар.

Клучни зборови

  • дигитализација
  • потврда за царински долг
  • Царинска управа
  • Централен регистар
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk