До 20 ноември обезбедени 26 илјади мегавати електрична енергија за 5,5 милиони евра, а што потоа?!
Sanja Momirovska2 мин читање
ЕСМ Продажба склучила два договори со две различни фирми за набавка на 26 илјади мегавати електрична енергија кои ќе чинат 5,5 милиони евра. Според договорот, испораката започнува од денес, а ќе трае до 20 ноември. На веб-страницата на Електрани на Северна Македонија се објавени документите за набавката. Сето ова се случува на прагот на енергетската криза во која влегува државата. Пред само два дена Комисијата донесе заклучок да препорача прогласување на енергетска кризна состојба и заклучокот ќе биде разгледуван на владина седница во вторник. Големото трошење на државата во краток временски рок, наиде на остри критики од страна на опозицијата, објави Телма.
Најкрупниот дел од набавката на 26 илјади мегавати по цена од 5 ипол милиони евра, односно 15 илјади мегавати, ќе бидат набавени по цена од 228 евра за мегават час, што е и највисоката цена. Остатокот ќе биде набавен – дел за 198 евра, а дел за 205 евра за мегават час. МЕПСО претходно повлекуваше струја од европската мрежа за задоволување на дневни потреби поради намалено производство, а токму поради тоа Владата од буџетот ќе издвои 15 милиони евра.
Министерот упати апел граѓаните да не стравуваат дека кризната состојба во енергетиката значи и дека ќе има рестриктивни мерки во делот со електрична енергија.