Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

dm drogerie markt донираше повеќе од 360 илјади денари на одделот за урологија при Градската општа болница „8. Септември“ во Скопје!

19 ное. 2022 г.·2 мин читање·1433 прегледи

Следете не на Viber

Компанија dm дрогерие маркт, која е позната на нашиот пазар како општествено одговорна компанија, по повод 19 ноември – Светскиот ден на мажите, а во рамките на светски познатата кампања „Movember“ донираше два цитоскоп апарата во вредност од повеќе од 360.000 денари на одделот за урологија при Градската општа болница – 8. Септември во Скопје.

Со оваа донација, како и со целата кампања Movember, компанијата има за цел да ја поткрене свеста за редовните прегледи, како неопходен дел од борбата за подобрување и зачувување на машкото здравје.

„Среќни сме што од година во година изнаоѓаме нови начини да го оправдаме филантропскиот принцип – еден од постулатите на нашата компанија. Покрај тоа што во текот на целиот месец преку различни активности ја подигаме свеста за постоењето и превенцијата на машките болести, со оваа донација даваме и придонес на една од институциите кои работат конкретно на оваа проблематика, а ова нè прави особено горди’’ – изјавуваат од компанијата.

Ноември, или популарниот „Movember“ е месец во знакот на грижата на машкото здравје и ја нагласува важноста на свесниот начин на живот и редовни здравствени контроли. Ракот на простата е втор најчест карцином кај машката популација, додека ракот на тестисите е најчестиот облик на рак кај мажите на возраст меѓу 15 и 34 години, а редовните прегледи се најзначајниот фактор за превенција. Грижата за машкото здравје не треба да се гледа како слабост или да биде фокусирана само во еден месец. Само со заедничка посветеност и заеднички сили може да се развие свеста за значењето на редовните прегледи, а со оваа донација на dm и да се подобри квалитетот на здравствените прегледи.

dm дрогерие маркт, благодарение на постојаното вложување во здравствениот сектор е етаблиран како пријател на македонските здравствени институции. Во изминатата деловна година, компанијата донираше повеќе од 5,3 милиони денари во општествено одговорни цели. Меѓу другото, во текот на оваа година компанијата донираше повеќе од 1,6 милиони денари за подобрување на условите за родилките во пет јавни клиники во земјава!

ПР Објава

Клучни зборови

  • dm дрогерие маркт
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk