Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

dm дрогерие маркт донира над еден милион денари во медицинска опрема за гинеколошкиот оддел при клиниката за радиотерапија и онкологија

21 мар. 2023 г.·2 мин читање·1554 прегледи

Следете не на Viber

Со цел давање придонес во подобрување на условите при третманот и грижата за женското здравје, во месец март – месец посветен на жената, компанијата dm дрогерие маркт донира повеќе од еден милион денари во медицинска опрема и апарати за подобрување на условите за работа во гинеколошкиот оддел при ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје.

Компанијата dm дрогерие маркт, која важи за голем поддржувач на заедницата, со набавка на два гинеколошки прегледни стола, две столчиња за преглед и стерилизатор за медицинска опрема уште еднаш ја докажа својата посветеност кон создавање на подобри услови за грижа и одржување на женското здравје .

Изминатата година dm донираше повеќе од 1,6 милиони денари во пет гинеколошко-акушерски клиники низ земјата. Преку овие донации компанијата обезбеди поддршка за родилките, а оваа помош значеше и подобрени услови и за новороденчињата, како и за мајките по породувањето.

„Како општествено одговорна компанија инвестираме во заедницата во којашто делуваме, трудејќи се да опфатиме широк круг на институции и здруженија. На овој план, годинава ја отпочнуваме со донација во гинеколошкиот оддел, по повод март, месецот на жената. Ова е од особено значење за нас бидејќи како компанија сме најисполнети кога даваме придонес во подобрувањето на животот во нашата заедница. Општествениот ангажман и одговорноста се секогаш врвни приоритети на нашата компанија“ –  изјавија од dm дрогерие маркт.

dm drogerie markt, кај широката јавност е позната како компанија што е заснована и којашто целосно се придржува до принципите на општествена одговорност. Изминатата деценија, преку најразлични активности и проекти компанијата потврди дека постојано црпи инспирација од заедницата во којашто работи и токму затоа помага во нејзиниот континуиран развој. Само во деловната 2021/22 година, dm drogerie markt донира рекордни 5.3 милиони денари во општествено-корисни проекти од најразлични области.

Клучни зборови

  • dm дрогерие маркт
  • гинеколошки оддел
  • клиниката за радиотерапија и онкологија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk