Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

dm го заокружи учеството на „Женска трка“ со донација од 150 пакети со менструални производи

6 апр. 2026 г.·3 мин читање·1190 прегледи

Следете не на Viber

Под мотото „Трчам напред, за таа да не чекори назад“, 150 жени од dm drogerie markt и Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари – МАГО учествуваа на годинашната „Женска трка“ во Градскиот парк во Скопје, а во рамки на иницијативата се обезбедени и 150 пакети со dm менструални производи, кои преку МАГО ќе бидат дистрибуирани до жени на кои им се најпотребни.

Соработката меѓу dm и МАГО продолжува и по трката, преку бесплатна едукативна работилница на тема менструално здравје, која ќе се одржи на 30 април во Општина Шуто Оризари. На овој начин, иницијативата добива поширока општествена димензија и продолжува да отвора простор за едукација и информирање на жените во заедницата.

Поддршката за оваа порака беше видлива и на самата трка, преку транспаренти со охрабрувачки пораки, меѓу кои и „Само 100 м те делат од тоа да бидеш хероина за некоја друга жена!“, со кои беше испратена порака за солидарност, заедништво и меѓусебна поддршка.

Како дел од настанот, dm беше присутен со свое катче кај фонтаната во Градскиот парк, каде учесничките и посетителите имаа можност бесплатно да добијат совети за женското здравје од специјалисти гинеколози, да дегустираат dmBio безалкохолни коктели и да се освежат со производи за дополнителна поддршка пред и по трката.

Во соработка со МАГО, во dm катчето беше организирано бесплатно советување со гинеколози, со цел посетителките да добијат стручно мислење, корисни информации и поддршка за теми поврзани со женското здравје. Во советувањето учествуваа д-р Весна Блажевска Сиљаноска и д-р Огнен Богданоски, специјалисти по гинекологија и акушерство.

Покрај советувањето, dm катчето понуди и зона за краток одмор и освежување, со дегустација на dmBio безалкохолни коктели и содржини наменети за пријатна атмосфера во текот на настанот.

Посебно внимание им беше посветено и на учесничките на трката. Во рамки на SOS катчето, за тркачките беа обезбедени Mivolis магнезиум, Balea спреј за освежување на телото, Sundance производи за заштита од сонце и Jessa влошки, со цел поголема удобност, нега и чувство на свежина пред и по трката.

Со своето присуство на „Женска трка“ и соработката со МАГО, dm и овојпат го насочи вниманието кон теми поврзани со женското здравје, менструалната хигиена и потребата од достапна поддршка за жените во заедницата.

Клучни зборови

  • бесплатна едукативна работилница
  • ДМ
  • Женска трка
  • скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk