Од Регулаторната комисија за енергетика стигна ново поскапување на горивата. Од вторник, во 00:01 часот, цената на бензините се зголеми за 7 денари, а на дизелот за 6,5 денари по литар во однос на цената утврдена со одлуката од 09.03.2026 година. Новата цена на еуросупер БС 95 изнесува 86,5 денари за литар, а малопродажната цена на еуросупер БС 98 изнесува 88,5 денари за литар. Дизелот стигна до 92 денари.
Ова е трето зголемување на цените откако почна војната во Иран, на 28 февруари. Првото беше „безопасно“ и се случи на втори март. Тогаш бензините поскапеа за 1 денар, а за дизелот немаше зголемување на цената. Но, за една недела, односно минатиот понеделник, се случи наглото поскапување на горивата – дизелот поскапи за 14,5 денари по литар, а бензинот за 5 денари по литар.
Овие поскапувања повторно го отвораат прашањето дали Македонија ќе се соочи со нов бран ценовни притисоци? Искуството од претходните години покажува дека токму ваквите скокови кај енергенсите се првиот сигнал дека трошоците во економијата ќе одат нагоре. Загрижува тоа што дури и кога цените на нафтените деривати се намалуваат, инфлацијата останува. Дури и да се вратат цените на некое ниско ниво, нема да имаме дефлација. Секогаш малку по малк…