Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Дивидендата на Оилко 600 денари за акција – Од добивката има дел и за вработените

15 апр. 2025 г.·2 мин читање·1531 прегледи

Следете не на Viber

Акционерите на Оилко КДА ќе поделат дивиденда од 2,3 милиони евра, која ќе се пресметува по бруто 600 денари за акција. Средствата се издвојуваат од ланската и од акумулираната добивка од 2023 година, во вкупен износ од 6,2 милиони евра. Исплатата ќе се изврши во законскиот рок до 30 септември. Предложените одлуки се на дневниот ред од акционерското Собрание, закажано за 21 мај.

Добивката за 2024 година е во износ од 202.768.252 денари (3,3 милиони евра), а акумулираната добивка од 2023 е 182.056.058 денари (2,9 милиони евра). Во нивната распределба, освен за дививенда, дел од парите се насочуваат и кон вработените. Тие ќе добијат 244 илјади евра. За управителот е определена исплата на  над 28 илјади евра. Во задолжителната општа резерва ќе завршат 164,8 илјади евра, во посебните резерви за стекнување сопствени акции со откуп – 3,5 милиони евра.

Во тие рамки е и предлог-одлуката за стекнување сопствени акции со откуп. Со неа се одобрува купување сопствени акции до висина од една десетина од основната главнина на душтвото. И тоа, по најниска вредност за акција од 3.000 денари, а по највисока од 6.000 денари. Купувањето ќе се реализира во период од една година по усвојувањето на одлуката. Овие акции понатаму ќе можат да се отуѓуваат, но не под нивната номинална вредност од 6.000 денари за акција.

 

 

Клучни зборови

  • дивиденда
  • Оилко КДА
  • Распределба на добивка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk