Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Актуелно

Директорот на Пазарна, Пауновски за еден час ми го реши проблемот со незаконски наплатениот капар

23 апр. 2021 г.·3 мин читање·5018 прегледи

Следете не на Viber

“Како некој што многу сака шопинг отидов во Сити мол и ми се допаднаа едни патики чија цена беше баш висока. Бидејќи често пазарувам гардероба ги прашав продавачките дали може да ми ги причуваат бидејќи не носев доволно пари со мене. Продавачите рекоа нема проблем ама да оставам капар од 1.000 денари иако не ми издадоа фискална туку парагон блокче. Во ред реков не знаејки дека ги земала не ги земала патиките капарот си го задржуваат за себе. Уште истиот ден се предомислив најмногу поради високата цена на патиките и веднаш следниот ден утрото отидов да им кажам дека не ги земам и да ми го врата капарот. И тука стана проблемот. Од ексклузивната продавница во најфреквентниот трговски, не враќаат капар иако во платниот промет не постои капар”, вака ја раскажува својата приказна Александра К. за патот што ја навел да заврши во Државната пазарна инспекција.

Сето ова се случува во 2018 година кога директор е токму Стојко Пауновски. Александра веднаш се упатила во Пазарна инспекција каде пополнила молба. А утредента веке била изненадена.

-Од продавницата толку беа дрски со мене на телефон велејќи ми “ако они така враќаат капар, колку ќе заработат” , за да следниот ден кога ги посетиле инспекторите ми се јават и најљубезни на свет ми речат да дојдам да си ги земам парите. Брзиот одговор од пазарна инспекција беше тој што ми го реши проблемот, вели Александра.

Ова е само една од приказните кои завршиле позитивно за потрошувачите кога директор бил Пауновски. Но не е само ова ги има многу. Сепак кој е Стојко Пауновски, директорот на ДПИ кој е пред разрешување бидејки не сака нестручки кадри во институцијата?

Во неговото CV стои- Дипломиран економист – овластен ревизор

  • Приправник комерцијалист во ТРО- Технопромет од 1986 до 1987 година
  • Инспектор во СОК – Филијала Тетово од 1987 до 1997 година
  • Началник на Даночна Инспекција во УЈП РД Тетово од 1997 до 2000 година
  • Инспектор за специјални истраги / лиценца – 1996 година
  • Инструктор за ДДВ / лиценца – 1999 година
  • Овластен Ревизор / лиценца – 2004 година
  • Заменик директор на Генерален Директор на УЈП од 2002 до 2004 година
  • Виш инспектор во УЈП – РД Тетово од 2004 до 2011 година
  • Пратеник во Собрание на РМ од 2011 до 2017 година
  • Советник во УЈП од 2017 до 2018 година
  • Директор на Државен пазарен инспекторат од 10.01.2018 година

Клучни зборови

  • Пазарна инспекција
  • разрешување
  • Стојко Пауновски
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk