Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Директорот Димовски оствари средба со генералниот менаџер на канцеларијата на јапонската корпорација Марубени во Будимпешта и во Прага

13 јун. 2025 г.·2 мин читање·880 прегледи

Следете не на Viber

​​Директорот Гоце Димовски оствари средба со Рјоџи Кога, генерален менаџер на канцеларијата на јапонската корпорација Марубени во Будимпешта и во Прага. Со цел продлабочување на соработката со корпорацијата, на средбата се разговараше за потенцијалите кои ги нуди Македонија и ТИРЗ за странските инвеститори, како и можностите за натамошни проекти.

Димовски ги посочи поволностите во рамки на Технолошко индустриските развојни зони, истакнувајќи ја стабилната и предвидлива инвестициска клима, активната институционална поддршка и квалификуваната работна сила. Тој ја нагласи стратешката положба на Македонија, што претставува значајна предност за компании со глобално присуство како што е Марубени.

Генералниот менаџер Рјоџи Кога изрази задоволство за остварената средба, со очекување за успешна понатамошна соработка. Од негова страна беа претставени областите во кои е активна корпорацијата Марубени, нагласувајќи ја можноста за потенцијално проширување и во Македонија.

Марубени е една од водечките јапонски компании за општа трговија, позната како „Сого Шоша”, основана во 1858 година и со седиште во Токио. Корпорацијата има глобално присуство и е активна на пет континенти, со канцеларии, подружници, заеднички вложувања и проекти во над 60 земји. Истата оперира глобално во широк спектар на сектори, вклучително и енергетика, инфраструктура, транспорт, хемиска индустрија, земјоделство, храна и финансиски услуги. Со своето глобално присуство и диверзифицирано портфолио, Марубени игра значајна улога во унапредувањето на трговските односи и развојот на одржливи економски проекти на меѓународно ниво.

Клучни зборови

  • Гоце Димовски
  • ТИРЗ
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk