Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Директорот Димовски дел од првиот инвестициски форум на ЕУ и Западен Балкан кој се одржува во Тирана

13 окт. 2025 г.·2 мин читање·3653 прегледи

Следете не на Viber

Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски како дел од владината делегација предводена од министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, придружуван од надворешниот советник на претседателот на владата, Владимир Пешевски, денес учествуваа на првиот инвестициски форум на ЕУ и Западен Балкан кој се одржува во Тирана, Албанија.

 Настанот беше отворен од Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европската комисија и Еди Рама, премиер на Република Албанија. Како стратешки чекор кон економската интеграција на регионот со Европската Унија, форумот претставува можност за поттикнување на странски директни инвестиции, поттикнување на иновациите и забрзување на економската конвергенција.

 Димовски за време на форумот оствари повеќе билатерални средби со високи претставници од соседните земји и Европа, како и со потенцијални инвеститори. Тој го посочи моделот за инвестирање кој го нуди Македонија како атрактивна дестинација за странските компании, истакнувајќи ги постојаните напори на Дирекцијата и Владата за што поголем економски раст.

 Овој прв инвестициски форум од ваков вид е стратешка платформа за зајакнување на економската соработка, привлекување странски директни инвестиции и забрзување на интеграцијата на економиите на Западен Балкан во единствениот европски пазар, од што ќе имаат корист и земјите од Западен Балкан, земјите-членки на ЕУ и европските компании.

Клучни зборови

  • Гоце Димовски
  • ТИРЗ
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk