Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Директорот Анакиев фатен со 50.000 евра – барал 100.000 евра за „решавање на проблемот“

21 мар. 2026 г.·3 мин читање·5984 прегледи

Следете не на Viber

Основниот кривичен суд Скопје му определи 30-дневен притвор на Васе Анакиев, директор на Државниот инспекторат за земјоделство, осомничен за примање поткуп. Тој беше фатен со првата рата од 50.000 евра од износот побаран од фирма која се соочила со „ненадејни“ проблеми при  увозот.

„В.А., во својство на службено лице, директор на Државен инспекторат за земјоделство, со цел стекнување на противправна имотна корист од сопственик на правен субјект кој се занимава со увоз, индиректно преку лице шпедитер побарал поткуп во износ од 100.000 евра, за да изврши службено дејствие што не би смеел да го изврши. Имено, на оштетеното лице му било образложено дека за стоката која што ја увезува има забрана за влез и дека треба да се врати, бидејќи не е во согласност со важечките законски прописи и дека претходно од страна на Државниот инспекторат за земјоделство бил изготвен записник. Со цел увозот да се изврши непречено, на оштетеното лице му биле побарани 100.000 евра, кои требало да ги предаде во три наврати и тоа во еден наврат износ од 50.000 евра и во два наврати по 25.000 евра“, информираа од МВР.

Судот го прифати предлогот на Обвинителството по сите три основи – опасност од бегство, влијание врз сведоци и можност за повторување на делото. Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја води истрагата.

Според Обвинителството, директорот вршел административен притисок врз фирмата увозник, барајќи од службениците да не одобрат увоз на стока која претходно редовно се внесувала во земјава. Пратката била блокирана на граница со денови, создавајќи директен финансиски притисок. Кога фирмата побарала објаснување, директорот побарал поткуп за „решавање на проблемот“.

Анакиев е долгогодишен функционер и потпретседател на Социјалистичката партија на Македонија, која е дел од владејачката коалиција. Тој е инженер агроном и магистер на економски науки. Во кариерата му е забележано дека работел во Министерство за земјоделство, како претседател раководел со Комисијата за доделување на земјоделско земјиште, а во еден мандат бил и претседател на Советот на Општина Чешиново-Облешево.

Социјалистичката партијата повика институциите да постапуваат согласно закон, но ја критикуваше „партиската стигматизација“ и објавувањето фотографии од апсењето. ВМРО-ДПМНЕ, пак, ја поздрави акцијата како доказ дека „законот важи за сите“.

Ова е втор случај со поткуп во агросекторот во последниве месеци. Во ноември 2025 година беше приведен и директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев, осомничен дека се согласил на поткуп од 50.000 евра за да овозможи користење на ИПАРД средства.

Клучни зборови

  • Васе Анакиев
  • Државен инспекторат за земјоделство
  • министерство за внатрешни работи
  • ОЈО ГОКК
  • притвор
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk