Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Diners Club со нова придобивка за поголема сигурност на своите членови

16 дек. 2022 г.·2 мин читање·938 прегледи

Следете не на Viber

„Повеќе од 25 години на нашето членство му нудиме поголема финансиска сигурност во секое време и на секое место. Преку новата услуга, DC Асистенција, одиме чекор подалеку и дополнително го унапредуваме корисничкото искуство на членовите преку поддршка и ефикасно решение на нивните секојдневни потреби дома и на пат.“ – вака Diners Club ја најави нивната најнова услуга DC Асистенција, која има за цел да го збогати и унапреди корисничкото искуство на членовите на Diners Club.

Со вклучувањето на DC Асистенција во своето богато портфолио на услуги, Diners Club во соработка со ORYX Assistance,  на своите членови им овозможува пристап и користење на услугите „Помош на пат“ и „Помош дома“.

Услугата „Помош на пат“ нуди 24 часовна техничка помош на пат, без разлика дали се работи за дефект на возило, невнимателно ракување, надворешни влијанија или сообраќајна несреќа.

Дополнително, корисниците на Diners Club картичка кои ќе ја активираат услугата, можат да ја користат и мобилната апликација „Road Angel“ која препознава случај на сообраќајна несреќа и автоматски испраќа повик  за реакција до контакт-центарот на ORYX Assistance.

Услугата „Помош дома“ овозможува техничка помош во домот, до 3 пати во годината, која вклучува целосна организација на помош, сервис и покривање на трошоците на итна интервенција.

Сите членови може да ги активираат пакет-услугите преку мобилната апликација My Diners и да го искористат промотивниот период до 28.2.2022 година, со 50% попуст на услугата „Помош на пат“ и цела година бесплатно користење на услугата „Помош дома“.

Дознајте повеќе за сите придобивки и услуги кои Diners Club им ги нуди на своите членови на www.diners.mk и аплицирајте за Diners Club картичка на следниов линк: www.diners.mk/kampanja

Клучни зборови

  • Diners Club
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk