Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисЛичен Развој

Diners Club Македонија добива ексклузивни франшизни права за 4 нови пазари

7 дек. 2022 г.·3 мин читање·4825 прегледи

Следете не на Viber

Благодарение на одличните резултати, изградената репутацијата и големите вложувања и активности на пазарот, Diners Club Македонија доби дозвола за откупување на франшизните права за проширување во четири земји, Србија, Црна Гора, Албанија и Косово, со што пазарот се зголемува од 2 на 16 милиони потенцијални членови. Стратегијата на компанијата е проширувањето и менаџирањето со овие пазари да се одвива централизирано од Скопје, а првиот чекор е да се овозможи прифаќање на картичките на Diners Club International и Discover Financial Services во секоја од земјите, со што македонските членови на Diners Club ќе можат да ги користат своите картички и добиваат поволности и во соседните земји.

„Драго ми е што вложениот труд и успешните резултати на целиот тим на Diners Club Македонија се препознаени од Discover Financial Services, под чија надлежност работиме во Македонија. Во изминатите 2 години, по откупувањето на сопственоста на Diners Club Македонија, нашата стратегија и активности целосно се насочија кон модернизирање на продуктот, на дигитализација на севкупните процеси во работењето со цел зголемување на задоволството на нашите членови. Веруваме дека досегашното работење во Македонија, знаењето и искуството на тимот е сигурна основа за успешно воведување на Diners Club во соседните земји“ – вели Божидар Јанковски, директор на компанијата.

Diners Club Македонија постои од 1995 година и во изминатите 27 години во компанијата се променети 3 сопственички структури. Во 2020 година компанијата за првпат премина во 100% македонска сопственост и е единствената франшиза на меѓународно ниво која е во сопственост на физичко лице, а не на финансиска институција.

Diners Club Македонија работи на македонскиот пазар под франшиза издадена од Discover Financial Services во САД, интернационална компанија која е присутна во повеќе од 200 земји, има издадено повеќе од 280 милиони картички со вкупен годишен промет од 500 милијарди долари.

Повеќе информации за работењето и услугите на Diners Club Македонија можете да најдете на www.diners.mk

 

Клучни зборови

  • Diners Club
  • Diners Club Македонија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk