Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ДИНАМИЧНО ЛЕТО ЗА СКОПЈЕ: Директни линии до Сицилија и Сардинија и засилени фреквенции на европските рути

17 фев. 2026 г.·3 мин читање·4677 прегледи

Следете не на Viber

Скопскиот аеродром од јули ја проширува својата мрежа со две нови директни линии кон Италија, со што на патниците им се отвора можност полесно да стигнат до едни од најатрактивните летни дестинации на Медитеранот – Сицилија и Сардинија.

Од средината на месецот ќе започнат сезонските летови кон Палермо и Алгеро, кои ќе сообраќаат до средината на септември. Со ова, македонските патници за првпат добиваат директна авионска врска со овие два островски центри во екот на туристичката сезона, без потреба од преседнувања и дополнителни трансфери.

Новите рути се дел од поширока летна стратегија на Wizz Air, која предвидува значително зголемување на присуството во Скопје. Покрај Палермо и Алгеро, авиокомпанијата ќе ги засили фреквенциите на тринаесет постоечки линии, со што летниот распоред ќе биде еден од најобемните досега.

Дортмунд ќе добие три дополнителни неделни летови и ќе достигне десет операции неделно, додека Берлин и Малме ќе имаат по две нови ротации, односно по седум летови неделно. Кон Шарлроа, Баден Баден, Хамбург, Хан и Љубљана ќе се воведе по една дополнителна неделна фреквенција, со што секоја од овие дестинации ќе има по пет лета неделно. Зголемување е предвидено и кон Стокхолм, Фридрихсхафен и Малта, како и кон Сандефјорд и Тревизо, со што значително се проширува изборот за патниците.

Во шпицот на летната сезона 2026 година, од Скопје ќе се реализираат 150 неделни полетувања кон вкупно 35 дестинации. Тоа претставува раст од 49 неделни летови во однос на истиот период минатата година, бројка што ја позиционира скопската база како една од поважните во регионалната мрежа на компанијата.

Дополнително, од 29 март миланската линија ќе се префрли од Малпенса во Бергамо, без промена на фреквенцијата, која останува четири лета неделно. Оваа оперативна измена е дел од оптимизацијата на мрежата за летната сезона.

Целиот овој раст ќе биде поддржан со стационирање на седми авион од типот Airbus A321neo со 239 седишта во базата во Скопје. Авионот ќе биде распореден од неделата што започнува на 13 јули и ќе овозможи осумнаесет дополнителни неделни ротации во однос на првично планираниот летен распоред.

Коментирајќи ги новите линии кон Италија, менаџерот за корпоративни комуникации на „Виз ер“, Салваторе Габриеле, изјави дека изборот на Скопје е внимателно осмислен. Според него, станува збор за пазар што покажува растечки интерес за различни, помалку конвенционални дестинации и за патувања што нудат автентични искуства надвор од вообичаените туристички рути.

Со новите директни врски, зголемените фреквенции и дополнителниот авион во база, летната сезона 2026 се најавува како една од најинтензивните досега за скопскиот аеродром, со значително проширен избор и поголема достапност на европските дестинации.

Клучни зборови

  • нови авионски линии
  • скопски аеродром
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk