Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БанкарствоЛичен Развој

Димовска ја предводи Развојната банка – Наумов разрешен една година пред истекот на мандатот

27 фев. 2026 г.·2 мин читање·1206 прегледи

Следете не на Viber

Промена во врвот на Развојна банка – Кире Наумов повеќе не е директор на Развојната банка, а за вршител на должноста е назначена Ефимија Димовска. Одлуката на Надзорниот одбор е објавена на Македонска берза.

„Надзорниот одбор на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје на седницата одржана на ден 23.02.2026 година од функцијата член на Управен одбор – главен извршен директор го разреши Кире Наумов, а за вршител на должност член на Управен одбор – главен извршен директор ја именуваше Ефимија Димовска член на Надзорниот одбор“, наведено е во соопштението.

Наумов е разрешен една година пред истекот на мандатот. Зад себе има долгогодишна кариера, реализирана и во образованието и во државните институции Меѓу другото, беше советник за економски прашања во Владата и на претседателот на државата, директор на Агенцијата за разузнавање, дополнителен заменик министер за финансии и заменик на министерот за економија.

Ефимија Димовска стана дел од Надзорниот одбор на почетокот од јануари. Беше именувана од Владата со мандат од четири години.

Димовска е академски професор и истражувач со PhD во областа на економијата и финансиите, со посебен фокус на развојно финансирање, проектен менаџмент и управување со финансиски институции. Има искуство во високото образование, предавајќи и спроведувајќи истражувања поврзани со економски развој и финансиски механизми, вклучително и програми за поддршка на микро и мали претпријатија.

Дипломирала на Eкономскиот факултет при УКИМ, а се образувала и во САД. Освен во високото образование, својата 27 годишна професионална кариера ја гради на одговорни и раководни позиции во Министерството за финансии, во Развојната банка и во енергетскиот сектор. Повеќе од 18 години активно работи во областа на развојно банкарство, финансиски сектор и меѓународни проекти.

Развојна банка е акционерско друштво. Основач и единствен сопственик е државата. Како извор за финансиска поддршка на микро, малите и средни претпријатија функционира од 1998 година. Преку оваа банка се реализираат поволни кредитни линии, а во тие рамки и средствата од унгарскиот кредит.

Клучни зборови

  • Ефимија Димовска
  • Кире Наумов
  • Развојната банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk