Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Димитриеска-Кочоска: Во првата половина од декември ќе се објави новата емисија Граѓанска обврзница

25 ное. 2025 г.·3 мин читање·6684 прегледи

Следете не на Viber

Нова емисија Граѓанска обврзница ќе биде објавена во првата половина од декември, најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Таа потенцира дека кога ќе биде објавен проспектот ќе бидат познати во јавноста и деталите за издавањето на Граѓанската обврзница и дека во изминатиот период имало интерес од граѓаните за издавање на Граѓанска обврзница.

„Граѓаните во изминатиот период во континуитет го поставуваа прашањето до Министерството за финансии дали ќе има нова граѓанска обврзница. Тоа значи дека на некој начин културата на инвестирање кај граѓаните се менува и очекувам таа иста група на граѓани, која не е повеќе од 2000 лица, повторно да инвестира и тоа не е некој голем износ”, истакна Димитриеска-Кочоска.

Таа додаде дека врз основа на таквиот интерес се анализирани и искуствата во Словенија и Хрватска, коишто покажале дека во Словенија нема апсолутно никаков интерес, но во Хрватска интересот бил огромен.

Во интервјуто министерката сподели дека од унгарскиот заем наменет за поддршка на домашните компаниите досега се пласирани 190 милиони евра и оти целта е постигната да се поддржат компаниите да инвестираат и да продолжат со својата дејност.

„Преку бројки сме докажале дека сме ја погодиле целта. Ако податоци за БДП покажуваат дека имаме огромни раздвижувања, ако статистичкиот индикатор во градежништво покажува дека имаме раст во градежништвото тогаш сметам дека сме ја постигнале целта, а тоа е да помогнеме на приватниот сектор, којшто долгорочно би размислувал да остане тука бидејќи нашата цел беше да им дадеме на компаниите помош да инвестираат, да не размислуваат да затвараат и да се префрлаат во други земји. Преку овие инвестиции таа цел е постигната”, потенцира министерката.

Во однос на средствата од унгарскиот заем наменет за поддршка на реализација  на проекти во општините, посочи дека досега се реализирани 21 милион денари во 2024 година и 2,2 милијарди денари во 2025 година, но појасни дека на терен може реализација да е поголема и дека тоа ќе се види во наредниот период.

Според министерката јавниот долг не загрижува кога има проектирани стапки на раст од 3,5% од 3,8% и коишто ќе се остварат.  „Нема поголем доказ од растот на БДП дека Владата работи правилно. Јасно е дека стапките на БДП отсликуваат дали политиката е добра,” рече министерката Димитриеска-Кочоска.

Клучни зборови

  • Гордана Димитриеска-Кочоска
  • министерка за финансии
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk