Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ДИГИТАЛНАТА БЕЗБЕДНОСТ НЕ Е САМО ИТ ПРАШАЊЕ – Денес слушнете што велат експертите

23 апр. 2025 г.·3 мин читање·1841 прегледи

Следете не на Viber

Денес, 23 април 2025 година, со почеток во 13:00 часот (CET), ќе се одржи регионална панел-дискусија на тема „Cyber Threats & Solutions: Digital Protection in 2025“, во организација на Balkan Digital. Настанот ќе се емитува во живо преку LinkedIn Live и ќе донесе значајна регионална размена на искуства, перспективи и предлози за унапредување на кибер-безбедноста.

Во време кога дигиталните закани еволуираат, а Европската унија воведува нови правила преку NIS2 директивата, региони како Балканот се наоѓаат на пресвртница: потребата за унапредување на безбедносните капацитети расте, но истовремено се отвораат и прашања за техничка подготвеност, регулаторна усогласеност и улогата на вештачката интелигенција во идентификување и превенција на ризици.

Во фокусот на панел дискусијата ќе бидат:

  • Тековните кибер-закани во Балканскиот контекст,
  • Европската NIS2 директива и што значи таа за јавниот и приватниот сектор,
  • Практични решенија за градење дигитална отпорност, пресекот меѓу вештачката интелигенција и кибер-безбедноста.

Говорници на панелот се:

Владимир Радуновиќ (Србија / Словенија)
Директор на програмите за е-дипломатија и кибер-безбедност при DiploFoundation. Со над 20 години искуство во меѓународни институции, вклучително и Советот на ОН за интернет управување, неговата експертиза ги поврзува технолошките прашања со глобалните политики и регулативи.

Красимир Коцев (Бугарија)
Генерален директор на SoCyber и основач на Kikimora .io. Познат по својата работа во етичко хакерство и развој на АИ-решенија за следење на ранливости и кибер-интелигенција. Препознаен од Forbes 30 Under 30, тој е активен учесник во создавање иновации во безбедносниот сектор.

Миле Орeшковиќ (Македонија)
Ко-основач на Sia Soft и поранешен извршен директор на Sia Secure – стартап поддржан од Techstars. Со повеќе од една деценија искуство во комуникациска безбедност и криптографија во воени и владини системи, тој донесува практична перспектива од високо-безбедносни проекти.

Модератор на дискусијата:

Васко Карангелески (Македонија)
Неговиот фокус ќе биде на водење динамична и насочена дискусија, отворајќи клучни прашања за иднината на дигиталната заштита и поттикнување интеракција со публиката.

Панелот е отворен за сите заинтересирани професионалци, претставници на институции, компании, ИТ-експерти, студенти и сите што се засегнати од прашањата за дигитална трансформација и безбедност. Сесијата ќе заврши со Q&A дел, каде гледачите ќе имаат можност директно да поставуваат прашања до панелистите.

Панелот ќе се емитува во живо во 13:00 часот на LinkedIn Live на следниот линк:
https://www.linkedin.com/events/cyberthreats-solutions-digitalp7313628883818307584

Клучни зборови

  • Balkan Digital
  • Владимир Радуновиќ
  • Красимир Коцев
  • Миле Орсковиќ
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk