Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисТехнологија

„ДИЕЛА“ НЕ МУ ДОНЕСЕ СРЕЌА НА РАМА: Актерката од која позајмен ликот на виртулната албанска министерка, ја тужи Владата

13 фев. 2026 г.·3 мин читање·812 прегледи

Следете не на Viber

Се чини дека нема крај на невољите за албанската Влада откако минатата есен објави дека во нејзини рамки отсега ќе работи и четбот – виртуелна министерка, задолжена за тендери, како алатка против корупција. Откако беше уапсен и обвинет за корупција тимот од институцијата, задолжена за нејзиното креирање, сега актерката чие лице беше искористено од страна на владата на Албанија за чет-ботот со вештачка интелигенција, наречен Диела, изјави за АФП дека започнала правна борба за да го спречи користењето на нејзиниот лик и ја обвини владата за „експлоатација“.

Познатата албанска актерка Анила Биша, чие лице и глас беа искористени за креирање на аватарот на Диела, рече дека не го одобрила својот идентитет за употреба на тој начин. Биша поднела барање до административниот суд претходно оваа недела барајќи суспензија на користењето на нејзиниот лик. „Тоа е експлоатација на мојот идентитет и моите лични податоци“, изјавила 57-годишната актерка за АФП.

Според г-ѓа Биша, таа првично потпишала договор со кој се овластува користењето на нејзиниот лик до крајот на 2025 година за да претставува виртуелен асистент на онлајн портал за владини услуги.

Премиерот Еди Рама во септември објави дека систем со вештачка интелигенција, наречен Диела, ќе го надгледува новото портфолио за јавни тендери како „министер“, за кое тој вети дека ќе ја намали корупцијата.

Овој потег предизвика критики од опозицијата и експертите кои ја доведоа во прашање одговорноста и транспарентноста на системот.

Откако владата на Еди Рама објави дека Диела ќе стане министерка, видео со компјутерски генерирана верзија од неа се обрати пред Парламентот.

Во видеото, наводно направено со вештачка интелигенција, „министерката“ се појави како жена облечена во традиционална албанска облека и рече дека „не е тука да ги замени луѓето“.

Биша, исто така, откри дека Националната агенција за информатичко општество, која ја развила вештачката интелигенција, поднела патент за нејзиниот лик и глас без да ја информира – потег за кој таа вели дека влијаел врз нејзината способност за работа.

И покрај тоа што се обратила до властите со надеж дека ќе преговара за решение, таа не добила одговор и решила да преземе правни мерки.

Минатиот месец албанската владина агенција што ја создаде алатката за вештачка интелигенција е под истрага за корупција, што ја зголемува можноста дека Диела е компромитирана. Минатиот месец, обвинителите објавија дека ги ставиле двајцата врвни раководители на агенцијата во домашен притвор, „поврзувајќи ги со криминална организација обвинета за манипулирање со апликации за договори преку заплашување“, според „Њујорк тајмс“. „Агенцијата управува со дигиталната инфраструктура на владата, контролирајќи широк спектар на јавни системи на интернет, вклучувајќи ја и Диела“.

Клучни зборови

  • Албанија
  • Вештачка интелигенција
  • Диела
  • Еди Рама
  • корупција
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk