Девизните резерви во јуни 4,33 милијарди евра
2 мин читање1653 прегледи

За 44 милиони евра се зголемени официјалните девизни резерви. На крајот од јуни се на ниво од 4.337,5 милиони евра, информираат од Народната банка.
Најголем дел од девизните резерви – 60,1 процент, се пласирани во хартии од вредност. Потоа со 28,8 проценти следуваат валутите и депозитите, а 11,1 отсто се чуваат во монетарно злато.

Инаку, по дефиниција, девизните резерви се средства веднаш достапни и расположливи за монетарната власт, во чија надлежност е и контролата врз нив. Служат за финансирање на платниот биланс преку интервенција на девизниот пазар. Пред сѐ, за да се влијае врз девизниот курс, како и за други цели. Во суштина, основната функција им е да ја заштитат економијата од негативни надворешни шокови, за редовно сервисирање на надворешниот јавен долг и интервенции на девизниот пазар.