Девизните резерви намалени: февруари заврши со 5,558 милијарди евра

1 мин читање1151 прегледи

Официјалните девизни резерви на крајот од февруари изнесувале 5.558 милиони евра. Во споредба со јануари, намалени се за 42,5 милиони евра.

Во хартии од вредност се пласирани 74,2 отсто од девизните резерви. Според информацијата од Народната банка, во монетарно злато се чуваат 17,5 отсто, а најмалиод дел од 8,3 отсто во валути и депозити.
Девизните резерви ги контролира монетарната власт, која управува и располага со нив. Со нив економијата се штити од надворешни шокови, а служат и за редовно сервисирање на надворешниот јавен долг и за интервенции на девизниот пазар.