Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Дојче банка ќе плати скоро 125 милиони долари казни за мито и измами

11 јан. 2021 г.·2 мин читање·3288 прегледи

Следете не на Viber

Најголемиот германски заемодавател се согласи на исплатата за да ги реши наводите дека ги прекршил законите на САД против мито и трговија со стоки.

За да избегне кривична постапка под обвинение дека биле дел од меѓународна корупциска шема со цел вработување во Саудиска Арабија, „Дојче банка” прифати да плати казни над 124 милиони американски долари пред американскиот суд.

Спогодбата е последниот удар за последниот удар за најголемиот германски заемодавател, кој со години се обидуваше да го врати својот имиџ по низата скандали, вклучувајќи ги и досиејата FinCEN кои ја вмешаа банката во сомнителни трансакции. Овие трансакции покажаа дека Дојче банка се наоѓала на самиот врв на светот за можни перења на пари.

Помеѓу 1999 и 2017 година, голем број банки обработувале трансакции со клиенти во вредност од 2 трилиони долари, иако самите банки се сомневале во потеклото на парите. Така криминалците, диктаторите и олигарсите переле пари.

Адвокати на „Дојче банка”, која веќе подолго време има деловни врски со американскиот претседател Доналд Трамп, го потврдија тоа во видео-конференција со федералниот американски суд во Њујорк.

Според судските документи, „Дојче банка” ги поткупувала посредниците со цел да добие бизниси во Саудиска Арабија, запишувајќи ги исплатите како „придружни такси”.

Во една прилика околу 2012 година, Банката плати 1.087.538 американски долари на еден од своите посредници „и предизвика тие плаќања да бидат лажно запишани во книгите и сметките на компанијата“, се вели во судските документи.

Другите посредници барале пари за јахтата и за куќа во Франција како надомест, се вели во документите.

Претходно, банката се согласи на Комисијата за хартии од вредност казна од 16 милиони долари за решавање на одделни обвинувања за коруптивни зделки во Русија и Кина.

Портпаролот на Дојче банка, Ден Хантер, одби да ги коментира деталите за случајот.

Компанијата е во средина на голем ремонт бидејќи се обидува да се врати на профитабилноста по пет години загуби.

Веќе се најавени околу 18.000 намалувања на работните места и банката објави планови за излез од некои деловни активности.

Клучни зборови

  • Deutsche Bank
  • Ден Хантер
  • дојче банка
  • казни
  • мито
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk