Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

„Дојче банка“: Глобалниот БДП може да го врати нивото во средината на 2021

22 сеп. 2020 г.·2 мин читање·77 прегледи

Следете не на Viber

Светското економско производство ќе се врати на своето ниво пред пандемијата до средината на 2021 година по силното економско придвижување повеќе од очекуваното во последните месеци, објави „Дојче банка“, но промената на политиките може да го зголемат ризикот за финансиски криза.

„Глобалното економско закрепнување по падот од Ковид 19 во текот на зимскиот и пролетниот период се одвиваше значително побрзо отколку што се замислуваше.

Како што се приближуваме кон крајот на третиот квартал, проценуваме дека нивото на глобалниот БДП е околу половина од нивото пред-вирусот. Сметаме дека до средината на следната година работите ќе се вратат во нормала, што е порано отколку првичната прогноза“, напиша Питер Хупер, глобален шеф за економски истражувања во „Дојче банка“.

Банката ја зголеми својата прогноза за глобалниот БДП, очекувајќи да се намали за 3,9% оваа година. За 2021 година, „Дојче банка” ја зголеми прогнозата за раст на 5,6% од 5,3%.

Сепак, претстои голема несигурност и потенцијални проблеми.

Стравувањата од интензитетот на нов посилен бран ја зголемија неизвесноста околу економските изгледи во САД и Европа, велат од  Дојче банка. Исто така, поместувањата во монетарната политика, може да предизвика дополнителни проблеми.

„Проширувањето на долгот и потенцијалната преценетост на средствата што се надополнуваат со екстра лесната монетарна политика што во случајот е неопходно,  претставува сериозен ризик од заканувачка глобална финансиска криза “, напиша Хупер и додаде дека секое изненадување во пораст на инфлацијата ќе го зголеми овој ризик.

Клучни зборови

  • банкарство
  • БДП
  • дојче банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk