Движечката сила на прилепската економија лани ја претставувале 15.134 лица, официјално вработени во 2.538 трговски друштва. Зад себе оставиле приход од над 843 милиони евра и добивка од близу 58 милиони евра, остварувања од кои корист имаат работодавачите, локалната самоуправа и државата.
Воедно, успеале да го зголемат приходот за 8,63 насто и добивката за 1,66 насто, и покрај тоа што нивната бројност опаднала за 4,6 насто. Тој процент ги означува за една година загубените 729 работници. Или, како што произлегува не само од оваа, туку и од повеќето анализи на Пари: помалку луѓе – повисока…