Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Десет години соработка на „Колид с тим“ и „Лидл“

13 јун. 2024 г.·2 мин читање·26498 прегледи

Следете не на Viber

Годинава навршуваат 10 години откако „Колид с тим“ ја почна соработката со „Лидл“. Kако што истакнаа од компанијата постојаноста во нивната понуда, производство со непроменет квалитет и навремена достава според договорените количини, се причините зошто соработката и понатаму трае. Дополнително, за воспоставување и одржување на соработката потребни се и одредени сертификати.

Покрај стандардните сертификати како HACCP кој е задолжителен за сите компании, го поседувавме и ISO 2200, а за почеток за соработката со „Лидл“ ни требаше стандардот IFS food. Со продлабочување на соработката барањето за стандардизирање растеше, па ги исполнивме условите за зачленување на платформата на EcoVadis – стандард за одржливост и човекови права, истакнаа од „Колид с тим“.

Од таму додаваат дека за да се оствари соработка со кој било трговец од рангот на „Лидл“ потребно е постојано да се надградува работењето, а тие вложуваат и во дополнителни стандарди: BSCI иницијатива за деловна социјална усогласеност, Халал и други кои се во процедура.

Досега, 70% од производството на приватната трговска марка се продава преку брендовите на „Лидл“ – 1001 delights, Milbona, Confiserie Firenze, Nostja.

Од „Колид с тим“ истакнаа дека за компаниите од Македонија е значајна соработката со голем трговец како што е „Лидл“. Постојаното подигнување на стандардите и квалитетот на производите, но и референцата за соработка придонесе и за полесно пласирање на сопствениот бренд  Sunday во кој компанијата инвестира веќе 20 години.

Клучни зборови

  • Колид с тим
  • Лидл
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk