Денес стартува исплатата на септемвриските пензии
Ј.Д.1 мин читање
Од денес треба да почне исплатата на септемвриските пензии. Пензионерите ќе земат пензии повисоки за 5,3 проценти согласно методологијата за раст на пензиите, информираат од Министерството за труд и социјала. Оттаму додаваат дека, согласно методологијата и податоците од Државниот завод за статистика, пензијата за месец септември е зголемена за 5.3 отсто.
„Ова е второ усогласување за оваа година. Во март беше зголемена за 8.4% и заедно со 5.3% во септември, изнесува вкупно 13.7%“, информираат од Министерството.
Пензионерите, кои изминативе месеци повеќепати излегуваа на протести, не се задоволни, бидејќи не им е прифатено ниту барањето за линеарно покачување од 3.500 денари за сите, ниту минимална пензија од 18 илјади денари.