Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

„Стандард и Пурс”: Денарот и банкарскиот систем и натаму се стабилни

20 фев. 2022 г.·2 мин читање·3512 прегледи

Следете не на Viber

Курсот на денарот е стабилен, девизните резерви минатата година се зголемени, додека банкарскиот систем, исто така, е стабилен. Домашната побарувачка е главен фактор на економскиот раст, во услови кога курсот на монетарната политика сѐ уште е олабавен, заради обезбедување доволно простор за постојано економско закрепнување. Ова се накусо заклучоците за монетарниот дел на реномираната агенција за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс”, во извештајот во кој го потврдува кредитниот рејтинг на земјава ‒ „ББ-“, со стабилен изглед.

Нема промени во фиксниот курс на денарот, додека девизните резерви минатата година пораснаа за 8,4%, се наведува во извештајот на агенцијата. Растот на девизните резерви, коишто достигнаа 3,6 милијарди евра во 2021 година, овозможува доволна девизна ликвидност за одржување на стабилноста на курсот на денарот. Од агенцијата забележуваат дека има и дополнителен заштитен механизам, односно дека Народната банка има можност за обезбедување дополнителна ликвидност во евра преку репо-линијата од 400 милиони евра, којашто Европската централна банка ѝ ја додели на Народната банка со можност на користење до март годинава. Досега, таа можност не е искористена, но може да се употреби при остварување екстерни ризици.

Придвижувањето на стапката на инфлацијата е резултат на надворешни фактори, како растот на цените на енергенсите и на храната, забележуваат во извештајот од „Стандард и Пурс”. Тие очекуваат стабилизирање на овие притисоци во 2022 година, како резултат на забавување на растот на цените на храната. Агенцијата за кредитен рејтинг очекува дека стапката на инфлација во земјава за годинава ќе изнесува 2,6%, за догодина 2% и за 2024 и 2025 година ‒ 1,8% и 1,5%, соодветно.

Банкарскиот сектор е стабилен, посочуваат од „Стандард и Пурс”. Адекватноста на капиталот е зголемена и изнесува 17,3%, додека нивото на нефункционалните кредити изнесува 3,6%.

Клучни зборови

  • банкарски сектор
  • денар
  • инфлација
  • Стандард и Пурс
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk