Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

ММФ: Стабилниот денар е клучно сидро на макроекономските политики

22 јун. 2020 г.·2 мин читање·123 прегледи

Следете не на Viber

Режимот на де факто фиксен девизен курс на денарот во однос на еврото е нешто што е корисно за земјата веќе неколку децении, претставувајќи клучно сидро на макроекономските политики. Знаеме дека НБРСМ останува силно посветена на одржување на стабилноста на девизниот курс.

Ова во интервју за МИА го истакнаа шефицата на мисијата на ММФ за нашата земја, Берглјот Бјорнсон Баркбу и резидентната претставничка на ММФ за Западен Балкан, Стефани Ебле.

Според нив, показателите што ги следи ММФ покажуваат дека земјата влезе во корона-кризата со силна позиција на девизните резерви и дека резервите ќе бидат одржувани на адекватно ниво што ја поддржува стабилноста на денарот.

-Народната банка имаше клучна улога во реагирањето на оваа криза. Таа успешно го искористи својот маневарски простор и ја поддржа економијата, истовремено зачувувајќи ја финансиската стабилност, констатираат Бјорнсон Баркбу и Ебле.

Притоа, тие ја споделуваат оцената на ММФ дека намалувањето на каматната стапка на благајничките записи и намалувањето на нивниот износ помогнаа да се ограничи зголемувањето на трошоците за финансирање и овозможија дополнителна ликвидност за економијата. Истовремено посочуваат и дека мерките на монетарната политика беа дополнети со мерки во финансискиот сектор, коишто ги поттикнаа банките да ги реструктурираат кредитите и со тоа да овозможат времено намалување на товарот на кредитокорисниците погодени од пандемијата.

Во интервјуто за МИА, Бјорнсон Баркбу и Ебле, накусо се осврнаа и на нашиот банкарски систем и на неговата подготвеност да одговори на шокот од корона-кризата. Притоа посочуваат дека во изминативе години, системот ја зајакна својата капитална позиција и дека стапката на основен капитал на крајот на минатата година изнесуваше 14,8 проценти, како и дека нивото на нефункционалните кредити е релативно ниско. Истовремено посочуваат и на оцената на ММФ дека банкарскиот систем би можел да поднесе значителен макрофинансиски шок.

Клучни зборови

  • банкарски систем
  • банки
  • валута
  • денар
  • ММФ
  • Народна банка
  • стабилност
  • финансиски сектор
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk