Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Крипто

„Deloitte“ ИСТРАЖУВАШЕ: Криптовалутите за 5 до 10 години ќе ги заменат парите

29 авг. 2021 г.·2 мин читање·2087 прегледи

Следете не на Viber

Големо истражување спроведено од консултантската фирма Делоит врз 1.280 вработени (главно на високи менаџерски позиции) од финансискиот сектор покажа дека огромното мнозинство од нив веруваат дека иднината на финансиите е поврзана со блокчејн и криптовалути.

Аналитичарите посочуваат дека пандемијата на коронавирус ја охрабри транзицијата кон „се што е дигитално“, со што се забрза дигитализацијата на финансискиот сектор.
Постојните структури се соочуваат со предизвици, поставени од новите деловни модели и дигитални средства.

Следствено, годинашното истражување за блокчејн покажа дека луѓето на лидерски позиции во финансиската индустрија гледаат на криптовалутте и блокчејн технологијата како еден од стратешките приоритети, и во иднина и сега. Така, 78% од испитаниците одговориле дека криптовалутите и дигиталните средства ќе бидат до некаде или многу важен дел од оваа индустрија во следните 24 месеци. Покрај тоа, 76% од испитаниците веруваат дека дигиталните средства ќе послужат како моќна алтернатива или директна замена за фиат парите во следните 5 до 10 години.

На прашањето која ќе биде главната улога на дигиталните форми на средства за нивната организација, повеќето испитаници рекоа дека нивните институции ќе нудат услуги за чување на такви средства, потоа како криптовалутите ќе се користат за плаќања, и за диверзификација на инвестициските портфолија, децентрализација на финансиските платформи и „токенизација“ на имотот .

Загриженоста за сајбер безбедноста, многу строги регулаторни бариери, постоечката финансиска инфраструктура, како и грижите за приватноста на корисниците се најчестите пречки за широко прифаќање на дигиталните средства во оваа индустрија.

Испитаниците во оваа студија прифаќаат дека нивната индустрија мора да се прилагоди на „сеизмичките промени“ предизвикани од блокчејн, пред се за да може да одговори на барањата на сегашните и идните корисници. Оние што го прават тоа ќе бидат меѓу првите што ќе имаат значителна конкурентска предност во однос на другите. Традиционално слабата банкарска индустрија полека почнува да се соочува со предизвиците на модерните технологии, но нејзиниот брз развој ќе бара дополнителна флексибилност со цел институциите да се прилагодат на новите трендови.

Наскоро, заклучува Делоит, нема да имаат друг избор освен да прифатат промени, бидејќи учеството во дигиталната финансиска ера е неизбежно.

Клучни зборови

  • Deloitte
  • блокчејн
  • Делоит
  • истражување
  • криптовалути
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk