Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Делегација од Европското движење на Норвешка во посета на „Алкалоид“

1 окт. 2025 г.·2 мин читање·519 прегледи

Следете не на Viber

Претставници на Европското движење на Норвешка – Europabevegelsen ја посетија фармацевтската компанија „Алкалоид“. Делегацијата предводена од поранешниот амбасадор на Кралството Норвешка во земјава, Карл Шиотц Вибје, ја пречека генералниот директор и претседател на Управниот одбор, Живко Мукаетов. Воедно, тој е генерален конзул на Кралството Данска од 2007 година и конзул на Кралството Норвешка од 2023 година.

Во рамките на посетата гостите беа запознаени со работењето на компанијата, со нејзиното производствено портфолио, пласманите и корпоративните активности. Претставниците на Европското движење на Норвешка беа особено импресионирани од богатата историја на „Алкалоид“, од колективните спортски достигнувања и од долгогодишната посветеност за поддршка на културата, образованието и заедницата.

Карл Шиотц Вибје во Скопје ја извршуваше функцијата амбасадор на Кралството Норвешка од 2004 до 2009 година. На иницијатива на неговата сопруга, Норун Вибје, со проект поддржан од неколку македонски компании и организации, меѓу кои и „Алкалоид“, во 2008 година беше набавeно Steinway концертно пијано за македонскиот виртуоз Симон Трпчески.

Посетата на „Алкалоид“ е реализирана во рамките на годишната програма на Europabevegelsen за посета на земји членки на Европската унија, како и на држави што се во процес на пристапување кон ЕУ.

Европското движење на Норвешка е дел од паневропската доброволна организација основана во 1949 година, во чиј круг на основачи бил и Винстон Черчил. Организацијата активно работи на унапредување на европската интеграција и на продлабочување на соработката меѓу европските држави.

 

 

 

 

Клучни зборови

  • Алкалоид
  • Живко Мукаетов
  • Норвешка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk