Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

Декемвриски берзански контрасти: ФЗЦ 11 Октомври со раст од 99,5 %, Либерти со пад од 40 %

7 јан. 2026 г.·2 мин читање·1960 прегледи

Следете не на Viber

За еден месец е речиси двојно повисока просечната вредност на акцијата издадена од ФЗЦ 11 Октомври Куманово. Со зголемувањето од 99,5 насто ја предводи берзанската листа на акции што во декември забележале најголем раст. Цената достигнала 399 денари, додека во ноември била на нивото од 200 денари.

Продолжува да расте вредноста на акцијата од ВВ Тиквеш Кавадарци. Месечната разлика е плус 45,77 насто – од 6.600 на 9.621 денар. Во ноември, пак, оваа акција беше рангирана на четвртото место (+1,54 %).

Растот од 20,52 насто ѝ ја обезбеди третата позиција на АЛТА банка Битола (поранешна Стопанска банка Битола). На 30 ноември имала просечна цена од 3.134, а на 30 декември 3.777 денари.

Од четвртото место на негативната во ноември, во декември се префрли на четвртото место на позитивната листа. Кај акцијата на ТТК Банка е регистрирана месечна промена од 5,63 насто. Од 1.562 на 1.650 денари.

Оваа листа се заокружува со акцијата на УНИ Банка, која зајакнала за 4,21 насто. Просечната вредност е 7.400 денари, за разлика од ноемвриските 7.101 денар.

Листата со најголем пад ја отвора Либерти. Цената за акција од 10 се намалила на 6 денари. Тоа движење е означено со минус 40 проценти.

И акцијата на Раде Кончар ја смени листата. Во ноември беше на врвот со најголемиот раст (+22,92 %), а веќе во декември е втора со падот од 15,25 отсто. Просечната вредност од 2.950 се намалила на 2.500 денари.

За седум денари е пониска цената на акцијата со знакот на Макстил. На последниот ден од ноември вредела 135 денари, а на 31 декември 128,04 денари. Разликата е претставена со минус 5,16 проценти.

Акцијата на Стопанска банка Скопје бележи негативно движење од 3,64 отсто, или од 2.720,71 на  2.621,60 денари. Во ноември беше на истава листа, но на последното место (-2,62 %).

Исто така, и акцијата на Фустеларко Борец Битола се задржа на негативната листа. Овојпат со падот од 3,57 отсто, при што цената од 2.800 се спушти на 2.700 денари. Еден месец претходно беше првопозиционирана (-12,53 %).

Клучни зборови

  • акции со најголем пад
  • акции со најголем раст
  • Македонска берза
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk