Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

Даринка Дамјановиќ останува на чело на ЦДХВ, КХВ одобри уште две директорски именувања

15 мај 2026 г.·2 мин читање·2899 прегледи

Следете не на Viber

Со Централниот депозитар за хартии од вредност и во наредните четири години ќе раководи Даринка Дамјановиќ. Согласноста за реименување ја доби од од Комисијата за хартии од вредност, од каде што одобрение за именување извршни директори им е дадено на уште два овластени учесници на пазарот на капитал.

„Даринка Дамјановиќ доби согласност од КХВ повторно да биде именувана за извршен директор на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје. Во согласност со Одлуката на Собранието на акционери и Одлуката на Одборот на директори на Централниот депозитар за хартии од вредност, мандатот трае четири години. Даринка Дамјановиќ е вработена во Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје континуирано од 2002 година, а од јули 2017 година ја извршува функцијата извршен директор“, се наведува во известувањето на КХВ објавено по одржувањето на денешната седница.

Четиригодишен мандат ѝ доверен и на Менче Додевска. Во тој период, како извршна директорка ќе го предводи Опфолио Инвестиции – друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови.

За извршна директорка на ВФП Фонд Менаџмент ќе биде именувана Ивана Ташковска. Функцијата ќе ја извршува во наредните пет години.

„Менче Додевска доби согласност да биде именувана за извршен директор на Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови ОПФОЛИО Инвестиции АД Скопје. Во согласност со одлуките на органите на Друштвото, нејзиниот мандат е со траење од четири години.

Согласност од КХВ доби и Ивана Ташковска, која треба да биде именувана за извршен директор на Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје со мандат од пет години“, информираат од Комисијата за хартии од вредност.

 

Клучни зборови

  • Даринка Дамјановиќ
  • Комисија за хартии од вредност
  • реизбор
  • Централен депозитар на хартии од вредност
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk