Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Ќе плаќаат ли богатите “Корона данок”?

11 дек. 2020 г.·3 мин читање·1653 прегледи

Следете не на Viber

Во Австрија сe погласни се барањата богатите да плаќаат таканаречен “корона данок ”, бидејќи земјата масовно се задолжува за да им помогне на компаниите.

Долгот на земјите во Европа, во текот на пандемијата, достигна рекордно ниво, а многу политичари се залагаат за специјални корона давачки што ќе им бидат наплатени на богатите, пренесува виенскиот дневен весник Prese.

Австриската влада одвоила неколку милијарди евра за да им помогне на компаниите полесно да ја пребродат кризата, а додека многу од нив се плашат за својата егзистенција, има и такви фирми кои профитираат од кризата. Па така, првиот човек на Amazon и најбогат човек на планетата, Џеф Безос не може да се пожали, бидејќи неговата компанија остварува уште поголеми профити, бидејќи продавниците се затворени, а граѓаните нарачуваат производи преку интернет, додава  виенски Prese. Безос, кој важи за најбогат човек на светот со приватен имот вреден 185 милијарди долари, е само еден од многуте.

Поради тоа, е се погласна дискусијата за воведување на корона данок за богатите и во Германија, каде за тоа се залага министерот за финансии, Олаф Шолц, кој бара граѓаните кои повеќе заработуваат, да плаќаат и поголеми давачки. Исто такво барање има и шпанската владејачка партија, којашто бара специјален данок за богатите Шпанци.

Во Австрија, дебатата за данок на имот започна на пролет. Поради корона кризата Австрија продолжува да се задолжува се повеќе и повеќе, произлегоа предлози да се наплаќа данок на имот и данок на наследство.

Претпоставка на владата е дека стапката на задолженоста ќе достигне 90 % од БДП.

Австриската работнича комора има концепт на “солидарен данок“. Временски ограничените придонеси треба да ги намалат долговите направени во текот на кризата што ја предизвика пандемијата, а на друга страна и да ги финансираат идните инвестиции, објасни финансискиот експерт АК Маркуч Мартибауер.

Тој данок би требало да се применува за имот вреден повеќе од 10 милиони евра, а ќе опфати околу 1% од домаќинствата во Австрија. Оние кој имаат имот над 10 милиони треба да плаќаат данок 2%, додека оние кој поседуваат имот над 100 милиони, треба да платат данок на имот 3%

Според Мартибауер, тоа ќе и донесе на државата 7 милијарди евра годишно.

Од 1954 до 1993 година, Австрија имаше данок на имот, кој беше укинат поради ниските приходи, бидејќи само компаниите беа засегнати од овој данок.

Клучни зборови

  • австрија
  • АК Маркуч Мартибауер
  • данок на имот
  • данок на наследство
  • корона данок
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk