Долг од 191,1 милион евра имаат 2.049 фирми и јавни претпријатија кон Управата за јавни приходи, произлезен од неплатените давачки за данок на додадена вредност, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси, царини, акцизи. Последната листа на должници (бр. 12/2025) што опфаќа долгови доспеани до 31 август, а ненамирени заклучно со 30 ноември, е подолга од претходната, односно зголемен е бројот на субјектите коишто поради одредени причини не се придржуваат до поставениот законски рок.
Најголемиот дел од нереализираните обврски или 75 насто се во доменот на данокот на додадена вредност. Износот од 142,6 милиони евра е јасен сигнал за присутните проблеми во наплатата.
Должници се и 4.088 физички лица. Кога ќе се соберат сумите, УЈП вкупно бара 201,5 милиони евра. Анализата што Пари ја направи во соработка со Бизнис Мрежа ги опфаќа само компаниите.
Меѓу десетте најголеми должници, чии обврски изнесуваат 57,3 милиони евра, доминира неплатениот ДДВ од дури 54 милиони евра. Всушност, сите тие имаат долг по таа основа.
Листата веќе подолг период ја предводат Хант Осој Трејд и Окитна Трејд, кои имаат поединечни долгови од 14 милиони, односно 13,8 милиони евра, исклучиво по овој данок. За нив претставниците на сегашната владеј…